• 10 + ДОБРИ ПРИЧИНИ ДА ИЗБЕРЕТЕ ПОКРИВ TONDACH

Сите ја познаваме ситуацијата во која сакаме чекор по чекор да ги организираме нашите животи, да реализираме одредени цели што сме си ги поставиле и да ги исполниме скриените желби, кои секогаш ги чуваме длабоко во нашите срца. Но, како што често се случува во животот, реалноста и соништата не секогаш зборуваат на исти јазик. Се нешто неочекувано се случува кога сме заштедиле пари да си купиме нешто за дома или конечно сме решиле да одиме на семеен одмор на далечна дестинација. И понекогаш едноставно не сакаме да мислиме дека проблемите тропаат на вратата и не се обидуваме да ги забележиме.

На крајот, сепак, порано или подоцна реалноста категорично потсетува на себе и не можеме да ја игнорираме. Што се однесува до нашиот дом и неговиот покрив, последното нешто што можеме да си го дозволиме е компромис и да го одложиме решавањето на проблемите во иднина. А што се поврзува со сигурен кров? Со комплетни системски решенија, се разбира!

И сепак, ќе ви дадеме десетина добри причини зошто да го изберете покривот на Tondach за вашиот дом.

КЕРАМИКАТА Е ПРИРОДЕН ГРАДЕЖЕН МАТЕРИЈАЛ

Излезната суровина за правење на керамичките ќерамиди Tondach е глина – природен ресурс кој не содржи штетни хемиски адитиви за здравјето и животната средина. Денес, темата за екологијата, природните и био-материјали е преекспонирана, но дали размислуваме за тоа што се случува околу нашите животи, нашите деца? Во нашиот бурен секојдневен живот, се помалку и помалку сме свесни за нашата поврзаност со природата и како нашето живеење во светот влијае на нашето здравје. Има неколку места каде што можеме да се чувствуваме безбедно и сигурно. Затоа е добро да си гарантираме барем мирен и пријатен дом, каде природните материјали сеуште можат да ни понудат некаква врска со природата – изворот на здравје за секој еден од нас.

КЕРАМИЧНИ КЕРАМИДИ СЕ ДОЛГОТРАЈНИ

Керамичките ќерамиди Tondach се со докажан квалитет и стабилност, а најдобриот доказ за ова се зградите направени со Tondach системите. Технологијата на производство во фабриките на компанијата придонесува за квалитетот на керамичките ќерамиди и ја гарантира нивната употреба со децении. Периодот на експлоатација надминува сто години, а сведоштвата за цврстината на керамиката како градежен материјал се многубројни и може да се најде во различни архитектонски споменици и локалитети со статус на културно наследство. Истражувајте ги нашите лидери во далекувидните решенија овде.

КЕРАМИЧНИОТ КРОВ ТONDACH Е СИСТЕМ

Кога ќе кажеме покрив, природно е како прва асоцијација да се појават ќерамидите. Сепак, квалитетниот и издржливи покрив не се состои само од ќерамиди. Тие се суштински дел од него, но се дополнети со многу други компоненти кои помагаат да се изгради комплетен систем за кров. Поединечните компоненти во него функционираат во синхронизација и дополнување, како и индивидуалните системи во живиот организам. Освен ќерамидите, имаме потреба и од финални елементи како капаци и крајни ќерамиди, одвод, елементи за вентилација, системи за задржување на снег итн., но дури и со нив, сè уште можеме да зборуваме само за видливиот дел од покривите на Tondach. Елементите како подпокривната фолија, држачи за фиксирање на ќерамидите и капаци, ленти за вентилација, заптивки и облоги се оној невидливата дел кој помага кровот да работи како целина и да нè штити од дожд, бури, градушки и снежни виулици. А тоа е она што во крајна сметка ни дава причина да бидеме спокојни ние и нашите најблиски.

ИЗГРАДБА НА НОВ И ОБНОВА НА СТАР ПОКРИВ

Обично кога станува збор за поправка, веќе е доволно доцна за одложување или заштеда од едно или друго решение. Важно е дека кога ќе протече покривот да имаме комплексно решение кое ќе осигура дека овој кошмар нема да се повтори или барем не во догледна иднина. Tondach нуди богато портфолио на модели за керамички ќерамиди – стандарден формат, како и ќерамиди со голем формат, особено погодни за поправка на стари кровни конструкции. Ако самата дрвена конструкција е во добра состојба, можностите што можат да се применат тука се повеќе. Нивната нестандардна големина, на пример, е погодна за поставување помалку плочки по м2 и затоа се потребни помалку инвестирани пари. Многу важна предност на керамичките ќерамички плочи Tondach е нивната оптимална тежина по м2, благодарение што не се вградува дрвена носечка конструкција. Од своја страна, можноста за хоризонтално и вертикално застапување на овие ќерамиди овозможува нивно сигурно прилагодување кај зачуваната дрвена конструкција на стариот покрив и нема потреба до прераспределување на даските.

КВАЛИТЕТОТ НА КЕРАМИЧНИТЕ ЌЕРЕМИДИ

Покривот на секоја куќа е изложен на атмосферски влијанија и мора да биде способен да се спротивстави на било какви временски промени надвор. Затоа од особена важност е нашиот покрив да може успешно да се справи со овој предизвик. Tondach ќерамидите се водонепропусливи и имаат висок степен на отпорност на мраз, постигнати преку комбинација на квалитетни суровини и високотехнолошки процес на производство. Завршените керамички ќерамиди се подложни на различни тестови на отпор и гарантираат дека ќе се спротивстават на сите временски непогоди.

Сигурна и правилна вентилација на подкровната конструкција

Кога зборуваме за сигурна вентилација на подкровната конструкција, мислиме на правилен проток на воздух под ќерамидите, а притоа да не дојде до навлегување на вода, снег, град или различни инсекти. Во овој заштитен сет можат да се вбројат керамичкиот отвор за испарување или уште се нарекува и „оддушник“, флексибилното црево и ќерамидата со отвор.

ЛЕСНО ОДРЖУВАЊЕ И НЕДОСТИГ ОД ПОПРАВКИ

Почетната инвестиција во керамичкиот покрив е вредно инвестирање што многупати се исплаќало. Употребата на квалитетни керамички ќерамиди во комбинација со соодветни керамички и некерамички додатоци е предуслов за обезбедување мир и безбедност. Откако ќе се инсталираат, керамичките елементи започнуваат сопствен живот, при што секоја компонента на системот ќе го заземе своето место и ја поддржува работата на другите компоненти. Ова ја намалува веројатноста за итни поправки поради разместени ќерамиди или не добро сврзани капаци и завршни елементи.

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ТАВАНОТ ВО СТАНБЕНА ЗГРАДА

Ако сакаме да додадеме дополнителен простор за живеење во нашиот дом, таванскиот простор под покривот ни дава совршена можност за тоа. Керамичкиот покрив Tondach, изграден со сите керамички и некерамични додатоци го претвора секој мрачен таван во удобно интимно место за живеење, од кое секој од нас има потреба. Ставањето на внатрешна обвивка и соодветна изолација на подпокривниот простор, ја дополнува целокупната слика, за да можеме да бидеме спокојни и да поминуваме повеќе време под нашиот покрив, но истовремено сосема блиску до ѕвездите.

ЗАМЕНА НА ПОЕДИНЕЧНИ ЌЕРАМИДИ

Понекогаш, замената на целата покривна конструкција не е можна поради една или друга причина. Ако сепак се наметне замената на единечна ќерамида на покривот Tondach, тогаш идеалната хармонија меѓу одделните компоненти во системот овозможува брзо отстранување на проблематичните елементи и нивната замена со нови, кои повторно ќе ја вратат целосната рамнотежа на системот.

БОИ ЗА СЕКОЈА ЗАДАЧА

Разновидноста на боите на керамичките ќерамиди Tondach може да ги задоволи естетските стандарди и критериуми за секој вкус, а тоа се постигнува со создавање посебни линии на боја. Tondach користи енгоби и глазури за да додаде нијанси на ќерамидите. Технологијата на енгобирање на ќерамидите се состои во нанесувањето на растворени во вода глини со одреден минерален состав врз ќерамидите по сушењето и пред печење, со што на тој начин се создава возможно најздравата врска помеѓу енгобираниот слој и самата плочка. Употребата на глазури е уште една можност да се пренесе саканата боја на плочките. Тоа се остварува на сличен начин со енгобирањето, но разликата се состои во тоа дека кон примесите на глина, освен специфични природни пигменти или метални оксиди, се додава и специјално обработено смелено стакло кое се топи во текот на процесот на печење на ќерамидите. На овој начин се постигнува бараната цврстина и посакуваната издржливост на бојата на ќерамидите. А естетската страна – задоволството на окото – е само плус.

33 ГОДИНА ТРГОВСКА ГАРАНЦИЈА

Tondach обезбедува 33 години трговска гаранција за своите производи, доколку во целиот кровен систем се користат сите потребни компоненти. Тој се состои од керамички ќерамиди, керамички и некерамички додатоци, обединети во нивната функција да го заштитат покривот од било какви надворешни влијанија и да ги гарантираат неговите функционални карактеристики за многу долг временски период.

ПРОФЕСИОНАЛНА ЕКСПЕРТИЗА

Професионалните консултации и следењето од страна на нашите технички консултанти е додадената вредност што компанијата ја нуди. Ние можеме да ги поддржиме клиентите во текот на процесот на избор, градење и одржување на нивниот нов покрив или во процес на неговата обнова.

или

Погледнете ги и останатите совети за вашето поткровје

ИЗОЛАЦИЈА

ПРОЗОРЦИ

ГИПС

КРОВЕН ПОКРИВАЧ

Претворете го неискористениот поткровен простор во простор за комфорен дневен престој!

или

© Сите права се задржани. Моето поткровје 2015-2021. Развиено од My Marketing