Инсталација на фасада со системот W333 на Кнауф
Системот за надворешни неносечки ѕидови W333 претставува исклучително економично, одржливо и еколошко решение за надворешна фасада на згради со метална или армирана конструкција. Системот е многу погоден за надградба на фасада, катови и за реконструкција на поткровје. Конструктивно решение, исполнето по методот на сувата градба.
Конструкцијата се состои од хоризонтални метални UW-профили кои ја обезбедуваат врската со хоризонталните армирачки елементи (армирани плочи). Како вертикални елементи се користат CW-профили кои го градат скелетот на идниот ѕид. Растојанието меѓу профилите се пополнува со минерална волна, која ги зголемува термотехничките карактеристики на конструкцијата. Исклучително погодна за поткровни простории и преферирано решение при новоградба. За заштита од навлегување на водена пареа во јадрото на ѕидот, главна улога игра паронепропустливата мембрана поставена од внатрешната страна на ѕидот, обшиена со гипскартонски плочи кои обезбедуваат совршено мазна површина.
Надворешната обвивка на системските решенија W333 е решена, со ставање на импрегнирани, отпорни на влага гипсфазерни плочи – Vidiwall HI. Вметнување на паропропустлива мембрана, ја штити конструкцијата на ѕидот од надворешните влијанија и во исто време овозможува на водената пареа од внатрешноста да помине во животната средина, обезбедувајќи на тој начин сушење на градежниот објект. Последниот чекор при градење на надворешниот системска ѕид W333 е пакување на композицијата од армирачко-бетонска конструкција и системските надворешни ѕидови на Кнауф од термоизолацискиот завршен систем ETICS.
Системот за надворешни неносечки ѕидови W333 дозволува модификација во различни варијанти – во зависност од желбата на клиентот и степенот на енергоефективносттта на зградата. Надградбата на системот со предѕидна обвивка доведува до успешно имплементирање на инсталацијата во надворешниот ѕид, додека во исто време се подобруваат топлотехничките карастеристики на целата конструкција. Преку карактеристиките на системските надворешни ѕидови на Кнауф и предвидениот термоизолациски фасаден систем ETICS има можност за постигнување на нискоенергетски стандарди на идните згради.
Изработката на на конструктивен проект на надворешните ѕидови за секој конкретен објект е неопходност во проектната документација на идните згради. Потребно е при монтажа да се почитуваат сите барања во него во однос на надворешните ѕидови.
Екипата на Кнауф активно помага при проектирање на надворешните системски ѕидови W333 во согласност со прописите, му ја обезбедува на проектантскиот тим потребната техничка документација за поставените материјали, ги консултира архитектонските бироа за енергетската ефикасност и избегнување на топлинските мостови.
Предностите на надворешните ѕидови Knauf во споредба со монолитната градба:
- Ниско конзумирање на енергија при производство
- Помала сопствена тежина
- Дополнителни употребливи површина
- Подобра термоизолација
- Подобра звукоизолација
- Подобра сеизмичка издржливост
- Брзо поставување
Ова обично се и основните барања при новоградба или при реконструкцијата, што доведува до практичната реализација на разработениот систем. Како се гради куќа со системот W333 може да погледнете на https://www.youtube.com/watch?v=uG_tmFNtl9I