• КАКО ДА ГО ПРОМЕНИМЕ РАСПОРЕДОТ ВО ПОТКРОВЈЕТО, ЗА ДА ГО ПРЕТВОРИМЕ ВО ПОТКРОВЈЕ ОД СОНИШТАТА?

Како да го промениме распоредот во поткровјето, за да го претвориме во поткровје од соништата?

Начинот на живот и потребите на луѓето се различни и со текот на времето се менуваат, затоа домовите треба да се дизајнирани најудобно можно според индивидуалните желби на сопствениците. Потребата од квалитетни материјали, од пријатна, комфорна и здрава средина за живот, сепак, секогаш се меѓу посакуваните карактеристики кои не се менуваат со времето и модните трендови.

Гипсот е еколошки градежен материјал, кој создава желби удобност и здрава клима дома. Гипсот е единствениот градежен материјал кој поседува иста pH-вредност како таа на човечката кожа, тој е без мирис и е целосно безопасен; ја регулира влажноста на воздухот во затворените простории на природен начин.

Системите на Кнауф даваат голема слобода во просторното обликување, кога големи станбени простории треба да бидат дополнително поделени или просторот треба да биде пренаменет во нешто друго. Со преградните ѕидови на Кнауф сето тоа станува многу брзо, без влажни процеси, заштедува и време и пари.

Краткото време, потребно за монтажа, овозможува оптимално и краткорочно да се исполнат желбите на жителите поврзани со различни планови. Дури и во подоцнежна фаза од животот со помалку трошоци просториите можат во секое време да се прилагодат на новите барања.

Преградните ѕидови на Кнауф со леснотија решаваат и друг проблем во станот, имено подобрата звучна изолација. Додека кај масивните ѕидови подобрувањето на звукоизолациските карактеристики може да се постигне само преку поголемата тежина, ѕидовите на системите за сува градба имаат структура која постигнува одлична звучна изолација при суштинско помала тежина и дебелина на ѕидот.

Ѕиданиот внатрешен ѕид со дебелина од 150 mm изолира околу 44 dB. Лесен внатрешен ѕид со дебелина од само 100 mm филтрира при тоа 52 dB. За човечката перцепција 10 dB повеќе, значат два пати повеќе врева!

Освен да се изолира бучавата, многу лесно може да ja подобрите и акустиката во вашиот дом, со монтирање на акустичните плочи Knauf Cleaneo.

Освен акустиката, со вградување на перфорирани плочи Knauf Cleaneo ја подобрувате и климата во домот. Плочите Knauf Cleaneo во гипсеното јадро содржат специјални каталитички материи. Тие ги претвораат миризливите и штетни материи во безопасни. Се одвива процес без акумулација на штетни материи или трошење на адитивите, па времетраењето на Knauf Cleaneo е практично неограничено.

При перфорираните плочи се постигнува побрзо разградување на штетните материи и преку поголемата ефективна површина на самите плочи.. Времетраењето на процесот на разградување, во зависност од концентрацијата на супстанциите, покриеноста со плочи, перфорацијате и движењето на воздухот изнесува неколку часа.

Со системите на Кнауф имаме можност да го погледнеме домот со други очи и да го претвориме во поткровје од соништата. Градежните гипскартонени и гипсфазерни плочи на Кнауф Бугарија се носители на печат за квалитет од страна на Институтот за градежна биологија (Institut fur Baubiologie) во Розенхајм, Германија; а гипсфазерните плочи произведени во Видин, се првиот бугарски градежен производ со издадена еколошка продуктна декларација (ЕПД) од Институтот “Изградба и животна средина” (Bauen und Umwelt), Берлин, Германија.

Системите на Кнауф гарантираат удобност во вашиот дом!

За подетални и конкретни информации посетете www.knauf.mk

Претворете го неискористениот поткровен простор во простор за комфорен дневен престој!

или

© Сите права се задржани. Моето поткровје 2015-2024. Развиено од My Marketing