Поставување на аголни лајсни – упатство во сликите
- Лесна и брза примена која ги намалува трошоците за изведување
- Отпорни на пукање
- Хартиената облога обезбедува мазни и совршени агли, како и идеална покриеност со боја
- Различни типови на лајсни кои ги задоволуваат највисоките естетски критериуми
- Лесна завршна обработка
Потребен материјал
1. Хопер – сад за материјалот со соодветните вдлабнатини
2. Ролер – алатка за фиксирање на лајсните на работ
3. Шпакли – за нанесување и за отстранување на вишокот материјал
4. Аголни лајсни – за надворешниот и за внатрешниот раб
5. Knauf Superfinish – пастест материјал за глетување, полнење на споевите и натопување на работните лајсни
1. Подготовка
Во зависност од типот на лајсната, поставете го соодветниот жлеб и чешел
Фиксирајте го хоперот на кантата со материјалот
Со рачен миксер измешајте го Knauf Superfinish
Истурете го материјалот во хоперот
2. Вградување на лајсни
Поставете ја соодветната лајсна на жлебот на хоперот
Лесно повлечете ја лајсната низ хоперот, така што материјалот ќе биде жлебно нанесен
Поставете лајсна на надворешниот или на внатрешниот раб од ѕидот
Со ролерот полека преминете преку лајсната, притискајќи ја и формирајќи идеален раб
Вишокот материјал отстранете го со помош на шпаклата
3. Завршна обработка
По сушењето (12 h -24 h), нанесете слој на Knauf Superfinish и израмнете го работ со помош на шпакла или глетерица
За идеална обработка на површината по два слоја на Knauf Superfinish –се препорачува еден тенок слој
Вака подготвените површини, вклучувајќи ги и рабовите, е можно да се бојат со бои од сите до сите класи на квалитет.