• Да се има покрив над глава - ова е огромна желба, неопходна за сите нас

СИСТЕМИ ЗА ПОКРИВНИ РЕШЕНИЈА TONDACH

Овие неколку зборови се далеку од само илустрирање на потребата за место, каде што би се сокриле од лошите временски услови или место за складирање на предмети, но значи многу повеќе. Домот е местото каде што ги создаваме нашите сеќавања, таму се чувствуваме во свои води и сме слободни да бидеме себе си, таму поминуваме некои од највредните и незаборавни моменти во нашиот живот.

Значењето што домот го има за секој од нас е неспорно и токму затоа напорите кои ги вложуваме за неговото создавање и уште повеќе за неговото постоење, секогаш се важни и нема како да се потценат. Имено тоа е основната вистина на која се основа Tondach – секој човек заслужува сигурност, мир и можност да го создаде својот личен свет под долговечен и сигурен покрив. Прекрасно, навистина! Но, како се случуваат работите во пракса?

За косиот покрив и керамиката

Веќе зборувавме за предностите на косите покриви, ги претставивме предностите на керамиката како градежен материјал и ги нагласивме системските решенија кои Tondach ги нуди при изградбата на нов или реновирањето на стар покрив.

За еден покрив да биде сигурен и да ги исполни сите барања за квалитет и безбедност, сите чекори во неговата изградба или реновирање мора строго да се исполнат. И пред сè, поединечните компоненти што го сочинуваат мора хармонично да се поврзат едни со други, со што се создава комплетен покривен систем. Употребата на керамичките ќерамиди Tondach во комбинација со керамички и не-керамички додатоци е гаранција за цврстина, функционалност и одличен квалитет на покривот и сите негови елементи.

Широко распространето е сфаќањето дека квалитетот на покривот се определува првенствено преку изборот на материјалот за покривање. Во реалноста, сепак, ова решение е само мал дел од целокупниот процес на градење или реновирање. Постојат и други фактори кои имаат свое значење. Важен услов е сите индивидуални елементи да се синхронизираат едни со други и да се надополнуваат за да можат да ја исполнат својата цел на најдобар можен начин.

Примена на не-керамички тунинг

Покривот е цел систем и за да функционира како таков, неопходно е да се имплементираат системски решенија кои се тајни ”know-how” на Tondach. За да функционира нормално покривот, треба да биде изграден целиот покривен систем кој се состои не само од керамички ќерамиди и додатоци, но и дополнети од подпокривни пародифузни мембрани, носечки и контра летви (т.н. “двојна скара”), ќерамиди кои го задржуваат снегот, ќерамиди за вентилација, завршни ќерамиди, некерамички системи за задржување на снег, капаци итн.

Примената на т.н. некерамичен тунинг исто така е од клучна важност. Дел од решенијата кои Tondach ги нуди се алуминиумска вентилациона лента под капак за сува монтажа, држачи за керамиди и капаци, држачи за летви, заштитна мрежа против птици, различни елементи за вентилација, алуминиумска лента за околу оџаци, итн.

ОСНОВНИ КОМПОНЕНТИ

Ќе посветиме малку повеќе внимание на две од клучните компоненти кои имаат одлучувачко влијание врз целокупната структура на покривот. Една од овие компоненти е вентилација на просторот под покривот. Присуството на ефективна вентилација помага за тоа покривот да работи како систем, а континуираниот поток на вентилацијата од стреата на покривот кон билото овозможува издувување на дрвената конструкција и истовремено нејзино ладење.

Кај различните бои на покривните ќерамиди има различна степен на греење од сонцето и соодветно, кај некои од нив има поголема потреба да се олади просторот под покривот. Вентилацијата исто така ја исполнува улогата на природна топлинска изолација и уште еден позитивен ефект е отстранувањето на водената пареа која се акумулира од природната човечка активност под покривот.

Обезбедувањето на влез и излез на воздух е предуслов за обезбедување на ефикасна вентилација. Кај билото, ова се постигнува со сува монтажа на капаците, вентилациони ленти за под капаците и поставување на вентилациони ќерамиди. Нивниот број се определува од наклонот и големината на покривот, со цел да се овозможи циркулација на воздухот и да се вентилира покривот под ќерамидите. Во пракса, обично се поставува по 1 вентилациона ќерамида на 5 м2.

Кај стреите, во зависност од избраниот начин на одвод на водата во олуците, се поставуваат различни вентилациони елементи. Друга корисна карактеристика на проветрувањето на просторот под покривот, е сушењето на можната кондензација којашто може да се појави при температурни разлики (ден / ноќ) од долната страна на ќерамидите.

Комплетен кровен систем

Вториот основен елемент од целокупниот покривен систем, кој е неизбежен и задолжителен дел од неа, е пародифузната мембрана или т.н. подпокривна фолија. Таа го заштитува подпокривниот простор од проникнување на вода под конструкцијата и овозможува непречено преминување на природните пари од човековата активност под покривот и нивното излегување кон каналот за вентилација на просторот под покривот.

Важно е да се обезбеди густината на пародифузната мембрана, со што кон неа се предвидени и додатоци како двојно лепливи самовулканизирачки ленти кои служат за дополнително обезбедување на шајките кои ја дупчат мембраната при монтажата на носечките летви. Пародифузните мембрани понудени од Tondach, гарантираат водоотпорност, пропустливост на пареа, термостабилност, отпорни се на стареење и поседуваат механичка цврстина. Благодарение на овие квалитети безбедноста и заштитата на целокупната покривна систем е обезбедена.

Од суштинско значење за квалитетот на пародифузната мембрана е материјалот од кој е направенa. Структурата на пародифузните мембрани на Tondach е трислојна за да се обезбеди максимално висок степен на квалитет. Покривниот слој на мембраната одговара за нејзината механичка и UV заштита, средниот слој или реалната мембрана претставува најважниот дел на фолијата и е паропропусклива и водонепропусклива, а третиот слој е заштитен и обезбедува механичка заштита на фолијата од долната страна.

Ако можеме да резимираме со неколку зборови, тогаш тие ќе бидат “безбедност, мир, заштита и интегритет”. Безбедност за нас и нашите семејства и спокојство во домот, заштита при неповолни климатски услови и целосност на извршувањето преку системски покривни решенија. Сето ова може да биде обезбедено со керамичките ќерамиди и додатоци на Tondach кои обезбедуваат висок квалитет на перформанси, богата разновидност од бои и форми, како и почитување на највисоките барања за безбедност.

или

Погледнете ги и останатите совети за вашето поткровје

ИЗОЛАЦИЈА

ПРОЗОРЦИ

ГИПС

КРОВЕН ПОКРИВАЧ

Претворете го неискористениот поткровен простор во простор за комфорен дневен престој!

или

© Сите права се задржани. Моето поткровје 2015-2021. Развиено од My Marketing