• 5 клучни "барања" во опремување на поткровјето

Кога се зборува за декорација на  ентериер, најголем предизвик се поткровјата бидејќи нивната структура не потикнува на креативност во искористувањето на секој сантиметар од куќата.

Со други зборови, поткровјето бара посебен однос бидејќи од една страна е идеален простор кој може да го претвориме во удобен и функционален дом, прилагоден на нашите потреби, а од друга страна е специфичен  “партнер” кој бара внимателен пристап. Затоа треба да внимаваме на избор и распоред на елементи. Исто така важно е да размислуваме “минималистички” за да максимално ги искористиме потенцијалите на просторот и да бидеме флексибилни во прилагодување на барањата и ограничувањата на овој специфичен простор. Со некој едноставни и корисни совети како да се “грижите” за своето поткровје. може да го направите идеално место за живот.

А еве за што се работи…

  1. Со просторот бидете на “ти”

Прво што треба да направите е да го земете нацртот oд поткровјето на кој ќе бидат обележани димензиите на од сите соби. Така ќе добиете јасна слика за капацитетот на својот дом и оптимизација на секој квадратен метар. Запомнете дека косините и аглите се идеални за поставување низок мебел, полици или елементи со складирање. Размислете за правење мебел по мерка, како би извлекле максимум од секој сентиметар, како што се сандаци за складирање . Даваат посебен печат на секој ентериер, и се идеални за складирање сезонска гардероба или постелнина, а и одговараат со косините во поткровјето.

  1. Со боите во ” lajt” однос

Еден од предизвиците во овие домови е споменатиот простор, кој некогаш е помал од оној во другите домови. Во врска со тоа , на сцена настапуваат бои! Кога се работи за бојадисување, бирајте светли тонови, за да добиете ефект на поголем и посветол простор. Белата и жолтата се две бои кои добро ја превземаат оваа улога на зголемен простор, а дополнително се благодарни како таканаречени евергрини и со нив не ризикувате просторот да ви биде демоде. Доколку сакте да ја избегнете  белата на sидовите, на плафонот секогаш имајте нијанси на светли тонови од sидовите, а на “светлосната монотонија ” додадете некој детал во амбиентот – Еден sид на кој се гледаат цигли или потемна контрастна боја која би била одличен соработник во вашата намера. Ако во вашиот дом има видливи кровни греди, бојадисајте ги со темна боја . Така ќе го нагласите нивното присуство, ќе ја разбиете монотомијата и на просторот ќе му дадете повеќе живот. Да не споменуваме дека ќе добиете модерен амбиент.

На крај на оваа мала приказна за светлите бои, сакаме да ви спомнеме да не се ограничувате само на бојадисување, туку може да сметате и на избор на мебел и текстил.

  1. Со светлината на “повелете”

Искористете ја максимално природната светлина, Ако имате тереса, максимално искористете ја светлината која ја добивате и претворете ја во главен извор на светлина. Вратата или прозорите декорирајте ги со светли бои. Тоа ќе ви овозможи приватност која ви е потребна, а нема да ви го намали правото за светол простор. Светлост која ја добивате низ кровните прозори лесно може да ја регулирате со VELUX ролетни, со кои ќе имате и контрола кога е во прашање температурата на вашето поткровје.

  1. Со мебелот на “ми треба уште малку време “

Со други зборови тоа значи пред да внесете било какво парче мебел, добро размислете. Поткровјето не го пополнувајте со непотребни елементи и заборавете го масивниот мебел. Изберете средни или мали парчиња за седење а заборавете за софи и фотељи со широки и длаботи наслони. Верувајте ни на збор, кога ќе почнете со пополнување на станот , дури и 10 см ќе ви значат. Гледајте да внесете што повеќе мултифункционални парчиња, како столчиња на склопување, маси кои се подигаат до sид или шанкови кои се склопуваат.

  1. Со терасата “каде беше цел мој живот”

Доколку имате можност да ја средите терасата, нема да заштедите ниту пари ниту време, бидејќи овој дел од поткровјето на станарите им е важен од многу причини, а сите ќе ги сведеме на естетика и функционалност. Што се однесува до естетика, одберете атмосфера и стил кој најмногу ви одговара : chill out, рустичен, индустриски стил…Кога е во прашање функционалност, чадор за сонце или тенда многу ќе ви значат како заштита од ветер, сонце или дожд. Ако на терасата сакате да направите простор за складирање , само напред! Единствено на што треба да внимавате е избор на материјал отпорен на надворешни услови.

Се надеваме дека од овие совети добивте насоки како да размислувате на тема уредување на своето поткровје. Доколку сакате нешто да додадете, или да споделите некое искуство, пишете ни. Верувајте, дека многу ги сакаме вашите коментари!

Претворете го неискористениот поткровен простор во простор за комфорен дневен престој!

или