Пролета ни пристигна, а со нејзе и пролетното чистење и преуредување на куќата. Сигурни сме дека некои од вас ќе го сторат истото и со своето поткровје.
Не е неопходно ова чистење и преуредување на опфаќа сериозна и груба активност, понекогаш е доволно само да се реорганизираат елементите кои веќе ги имаме во просторот.
Денес ќе споделиме со вас шест практични и едноставни совети за тоа како да го максимизирате потенцијалот на просторот во вашето поткровје, првенствено мислиме на плакарите и полиците.
1. Чистина и економичност на просторот
Сигурни сме дека на дневен ред овие денови ви пристигнува активноста за средување на зимската гардероба. Кога веќе го правите ова, запомнете дека картонските кутии и вакумски кеси, за вашата гардероба се најдобрите пријатели.
Пред да ги соберете се разбира исперете ги и испеглајте ги сезонските парчиња облека, потоа складирајте ги во картонските кутии или вакумски кеси од платно ( немојте во пластични кеси кои се апсорбирачи на влага), потоа означете ги. Што се однесува до обувките, по чистењето, поставете ги одделно или вертикално, а не едно до друго, за да спречите деформирање.
2. Мали предмети во мали кутии
Користете мали фиоки или мали плакари за чување на торби, марами и накит. Жените знаат колку е важно да се внимава на овие ситници, но важно е да напомениме дека внимателно спакуваните додатоци зафаќаат помалку простор, кога истите се класифицираат и се наредени во мали кутии: една за прстени, друга кутија за обетки, брошеви, приверзоци…
3. Плитки плакари во кој многу собира
Се случува, поради големината на просторијата, да не постои начин да се направи плакар со класична длабочина. Ова не е причина да не можеме да го искористиме она што го имаме на располагање и во плитките ормари да не ја поставиме спортската опрема, торбите и чевлите, шешири и други предмети кои можат да се складираат во плакарите со плитка длабочина.. Доколку имате неискористен простор од косиот наклон, ви предлагаме да создадете плакар токму на ова место, идеално за да ги организирате помалите предмети во него, исто така и предмети кои имаат поголема должина но не и волумен ( пр. даска за пеглање)
4. Користете ја вратата од елементите
Кога внатрешноста на оставата не е доволна за чување храна, пронајдете ги дополнителните места. На вратата од висечките делови во кујната можат да се создадат места за складирање на храна или зачини, кои можат да се постават токму на тоа место. Инспирации на оваа тема има премногу, но Вие најдобро го познавате вашиот простор, затоа и ќе ја пронајдете вистинската идеја која ви е потребна.
5. Елементи од стакло – комбинација на убаво и практично
Иако отворените кујнски полици во поткровје се честа појава, поради фактот дека навистина изгледаат многу убаво и визуелно не го “напаѓаат” просторот, кој е многу скапоцен – не секогаш се идеален избор. За оние сопственици кои сакаат да ги заштитат од прав определени садови кои не ги користат често но сепак заслужуваат да бидат на видливо место, им препорачуваме кујнски елементи затворени со стакло. Така ќе бидете сигурни дека вашите прекрасни чаши кои ги користите само неколки пати во годината повторно ќе бидат видени и забележани, но истовремено ќе бидат и заштитени. Дополнителен совет е овие деликатни елементи да ги сместите со предниот дел нагоре бидејќи на овој начин потешко би се оштетиле.
6. Што ви нуди вертикалниот простор
Се случува во малите бањи буквално да измислуваме работи за да обезбедиме простор со помош на преклопување, складирање, додека употребливиот простор е пред нас. Погледнете кој ѕид од вашата бања би Ви овозможил да ги ставите малите закачалки кои ќе Ви помогнат за сместување на четката за коса или бижутеријата.
Исто така, понекогаш потребни ви се само полици за да добиете простор каде ќе ги сместите тоалетната хартија, козметиката, парфемите и сето ова може да ви биде при рака.
Се надеваме дека некои од овие трикови ќе ви помогнат да направите просторот умно да се употребува. Ако имате друга идеја, би сакале да ја слушнете. Затоа, пишете ни!