Просторот во поткровје може да биде целосно изолиран од надворешниот свет, создавајќи интимен дел каде што можете целосно да се опуштите – звучи како совршен простор за спална соба, нели? Дури и ако сте млад родител, бунтовен тинејџер со сите тие креативни идеи или пензиониран пар кој би сакал да го искористи просторот за релаксација, спалната соба во поткровје може да биде впечатливо уникатен простор за вас, со интересно дизајнирани делови и архитектонски решенија.
Повелете неколку идеи за да ја создадете вашата спална соба од соништата и истата да стане реалност!
Креативноста полетува како птица
Поткровјата се посебни места и додека го оживувате овој простор имате можност креативно да се изразите со истакнување на вашата уметничка страна во создавање на простор што ја соодветствува вашата личност и сепак ги задоволува вашите потреби како: избор на стил, тема, боја и мебел.
Создавање на поткровје во стил на симпатична детска спална соба може да биде совршено решение за парови на кои им е потребен дополнителен простор по доаѓањето на бебето, но можеби ова е идеално и за тинејџери кои сакаат малку слобода само за себе, релаксација во својот свет, далеку од сите, дозволувајќи и на креативноста да се развива слободно. Слобода да свирите, слушате гласна музика, украсувајќи ги ѕидовите со постери на омилени бендови и поканувајќи ги пријателите за разговор.
Некои луѓе го преферираат чистиот, софистициран дизајн, но можете да се предизвикате и да бидете покреативни! Додајте храбра позадина на еден од ѕидните делови… фотелја или софа во живописни бои, додадете малку живот во вашата спална соба! Овој простор може да биде ваше игралиште, ослободете ја фантазијата!
Поврзување со природата
Можеби ова е нова информација за вас, но природната светлина е од суштинско значење за нашата благосостојба и расположение кое можеме да го подобриме со повеќе светлина бидејќи одредени супстанции во нашиот мозок одговорни за привремената состојба на умот се ослободуваат во многу поголем број токму кога сонцето и светлината не опкружуваат. Доколку се вратите на вашите корени и се опкружите со природа на поткровјето кое е опкружено со идеална светлина несомнено ќе се чувствувате посреќни и поопуштени.
Дали знаевте дека покривните прозорци обезбедуваат најмалку двојно повеќе светлина од вертикалните прозорци? Препорачуваме внимателно да ги одбирате вашите прозорци и да размислите да додадете не само еден, туку уште повеќе, два или три прозорци за да ја максимизирате дневната светлина – и секако, да одберете еден што е со добар квалитет. На пример, VELUX кровните прозорци се елегантни – можете да одберете верзија со бел полиуретански слој или природно дрво – ова се прозорци со одличен квалитет кои нудат прекрасен поглед на небото – овозможувајќи Ви да се чувствувате поблиску до природата.
Спијте како бебе
Спиењето отсекогаш било фасцинантна тема за разговор. Дали знаевте дека приближно 1/3 од животот на возрасен човек се поминува во спиење? Квалитетот на нашиот сон е клучот за нашата регенерација, концентрација и расположение, затоа треба да се грижиме каде и како ги поминуваме ноќите.
Темнината во спалната соба е од клучна важност, бидејќи истражувањата покажуваат дека прекумерното осветлување на просторијата пред спиење доведува до одложено и скратено производство на мелатонин, кој ја поттикнува поспаноста. Доколку сакате целосна темнина во вашата спална соба, Ви препорачуваме да користите VELUX ролетни за целосно затемнување (VELUX thermal blinds FHC – хармоника ролетни за изолација и затемнување). Сега вашето поткровје може да функционира како “фаќач на соништа” за мирен и длабок сон!
Одморете се како да сте на облаците
Имавте долг ден, звукот од машината за перење не прекинува, телефонот ѕвони, децата се гласни и веќе главите се близу до тоа да “експлодираат”. Нема каде да се повлечете и би ја изгубиле контролата над себе; Сите ние го доживуваме ова во овој свет кој не опкружува, па затоа е сè поважно да се фокусираме на добра релаксација.
Потребно ние место за релаксација, спална соба, која е функционална, но во исто време и да може да овозможи добар одмор. Ви препорачуваме спалната соба да ја поставите на најоддалечената точка од вашата куќа, подалеку од сите бучни апарати, никој да не Ве вознемирува за време на вашиот одмор.
Сè на сè, со одредена генијалност, секоја просторија на поткровјето може да се претвори во пријателско, друштвено гнездо каде што е добро да се вратите и да се одморите по напорниот ден. Затоа Ве охрабруваме да ја искористите вашата имагинација и да го создадете овој скапоцен простор во гостопримлив, боемски, креативен, релаксирачки дел, каде што навистина можете да почувствувате дека сте на најдоброто место на светот!