• ПОКРИВ TONDACH – ЦЕЛОСЕН СИСТЕМ ОД ЌЕРАМИДИ И ДОПОЛНИТЕЛНИ ЕЛЕМЕНТИ

Дознајте од што се состои покривниот систем Tondach и како тој се гради – од почеток до крај

Покривот се состои од ќерамиди, цврсто наредени една до друга. Оваа дефиниција е широко распространета, но вистината е дека покривот претставува штит на една зграда и има многу повеќе функции, а не е само нејзин завршеток. Покривот обезбедува заштита од дожд и снег, бура, град и сите други временски услови. Сето ова не може да се постигне само со ќерамиди, туку со целосен систем од елементи кои функционираат заедно.

Прочитајте ја статијата и дознајте од што е составен покривниот систем на Tondach и како тој се гради – од почеток до крај.

Придобивките од поставувањето кровни прозорци при реконструкција или изградба на куќа се од суштинско значење за благосостојбата на современиот човек. Зголемување на енергетската ефикасност, оптимално искористување на дневната светлина во просториите, проширување на употребливиот простор за живеење и подобрување на внатрешната клима и вентилација се само дел од тие придобивки.

Почнуваме со монтирање на надолучниот лим.

Покривниот систем Tondach се гради на стандардна дрвена опшивка, врз која се монтира надолучниот лим. Тој е ребрест и изработен од алуминиум.

Продолжуваме со монтирање на подпокривната парадифузна фолија.

Насоката е од стреата кон слемето на покривната конструкција.

На површината околу оџакот или другите отвори на покривот, најмалку 10 см од фолијата треба да се преклопува со ѕидот. Фолијата се лепи со двострана самолеплива бутил лента.

Потоа се лепи дополнителна вулканизирачка лента за контралетви.

Контралетвите се лепат со неа пред да се прицврстат за даскената опшивка. На тој начин се добива максимално заптивање на отворот, за коешто не е доволна само завртката.

Се монтираат носечките летви.

Првата носечка летва се монтира во долниот дел на водот. Најгорната носечка летва се монтира на растојание од 2,5 до 4 см од слемето во зависност од наклонот на покривот. Зависно од големината на наклонот се пресметува и монтажата на летвата. Во зависност од дебелината на избраниот дрвен материјал за контралетвите и носечките летви, двојната оплата се наоѓа на растојание од околу 8-10 см од даскената опшивка и на тој начин се гарантира постоењето на доволно растојание за струење на воздухот под ќерамидите и вентилација од долната страна.

Се монтираат вентилационите елементи за стреа.

Нивното место е на почетокот на водот, над надолучниот лим. Тие се пластични и се клучни за обезбедување добра вентилација на покривот и гарантираат добар проток на воздухот.

Следниот чекор е да се обезбеди увалата.

Таа всушност претставува критична зона и на овој дел треба да се посвети особено внимание. Алуминиумската ламарина за ували се поставува на дрвената оплата и се прицврстува со држачи на дрвената конструкција и вентилациониот елемент. На тој начин, дури и при силен дожд и бура, водата нема да се прелее надвор од увалата.

Потоа се монтираат сунгерeсти ленти на увала..

Тие ја заштитуваат зоната на сечење околу увалата од навлегување на прав, лисја и снег. Можат да бидат со различна висина и во зависност од видот на ќерамидата, можат да имаат самолеплив долен дел.

Се продолжува со „сува монтажа“ на слемето и монтажа на слемените летви.

На тој начин се потпомогнува движењето на воздухот од стреата кон слемето. Држачите за летви се наведнуваат за зададениот износ и се прицврстуваат со завртки.

И стигнуваме до најслаткиот дел: редење на ќерамидите.

Тие се редат одоздола нагоре и од десно кон лево по водот на покривот.

Во областите каде што ветровите се почеста појава се препорачува ќерамидите во првиот ред да се фиксираат со држачи за прицврстување.

Ќерамидите кај гребенот исто така се сечат, па затоа треба да се прицврстат со држачи за прицврстување на сечени ќерамиди. Тие го спречуваат нивното лизгања. Нивната форма е таква што гарантира сигурно прицврстување на различни видови ќерамиди.

Понатаму: се монтираат и вентилационите ќерамиди.

Станува збор за ќерамиди коишто имаат фабрички направен отвор преку кој топлиот воздух излегува од стреата. Тие се поставуваат во горниот дел на водот, обично во претпоследниот ред и согласно прецизно пресметана шема.

Сечење на ќерамидите

Поради долната страна на оџакот понекогаш е потребно ќерамидите да се пресечат. Сечените ќерамиди се прицврстуваат со завртки за носечката летва, при што обично се сечат ногарките со коишто истите стојат на носечката летва.

Се оформува и опшивката околу оџакот.

Таа е направена од алуминиум и е плисирана по должината со цел да се обезбеди висок степен на растегливост, односно целосно опфаќање на целата површина со ќерамиди. Откако ќе се оформи, врз неа се редат и ќерамидите. На овој начин, водата тече по водот кон олукот и не постои опасност од продирање во дрвената оплата. Завршната алуминиумска лајсна ја заштитува зоната каде што завршува опшивката на оџакот.

Сува монтажа на капаците по слемето на покривот.

Се монтира перфорираната алуминиумска вентилациона лента за слеме.

Нејзината основна функција е да го заштити просторот под капаците од снежни врнежи или од навлегување на вода, додека воздухот непречено излегува низ нејзините многубројни отвори.

Ќерамичките капаци Tondach се прицврстуваат за летвата на слемето со држачи за капаци. Тие исто така се изработени од алуминиум (за да не ‘рѓосуваат) и обично имаат иста боја како и капаците.

За комплетирање на врвот, на местото каде што се среќаваат слемето и гребените се монтира тројник, којшто му дава комплетен изглед на покривот и го спречува навлегувањето на вода. Тој се прицврстува со  ѕвонеста шајка со специјална заптивна главаПочетните капаци исто така се прицврстуваат со такви шајки бидејќи тие се изложени на најагресивното влијание на ветровите.

За крај: Снегобран елементи за безбеден покрив и во текот на зимата.

Метални снегограни помагаат снегот да се распореди врз целата покривна конструкција.

Ако постапувате систематски и го градите вашиот покрив следејќи ги гораневедените чекори, ќе можете да уживате во безбедноста и комфорот на живеењето во текот на долг временски период. Освен тоа, добивате и 33 годишна гаранција од Тондах.

или

Погледнете ги и останатите совети за вашето поткровје

ИЗОЛАЦИЈА

ПРОЗОРЦИ

ГИПС

КРОВЕН ПОКРИВАЧ

Претворете го неискористениот поткровен простор во простор за комфорен дневен престој!

или

© Сите права се задржани. Моето поткровје 2015-2021. Развиено од My Marketing