• Еден дом под кров во Берлин - со збор и слика

Лесно им е на Шпанците! Тие дневна светлина имаат за извоз! И тоа не било каква, туку ведра со малку облаци и сонце заплискана. Но кога светлината не е толку дарежлива , како да речеме во Берлин, мудрите дизајнери пред се размислувале да не и застанат на патот – бидејќи знаеме колку е важна светлината.

Во оваа куќа  во германската престолнина , дизајнерите прво решија да ја сочуваат светлината и ентериерот го прилагодат на човековите потреби. Целта ја постигнаа со поставување на голем Velux прозор, распоредот на мебел и чисто белите sидови. Концепт на отворен простор исто така беше од помош, бидејќи со одстранување на зидовите светлината слободно се разлеа до самиот влез.

Бидејќи станот се наоѓа на последниот кат – во народот познат како поткровје – плафонот е одстранет, со што се откри импресивната конструкција од греди под кровот, која исто така е бојадисана со бела боја.

Само во кујната се присутни темните бои, може ќе помислите парадоксално , но се наоѓа во најинтимниот дел од куќата , но така е нагласен контрастот помеѓу бела и црна боја што е искористено да се разложат разните функционални зони во овој стан. Освен овој практичен аспект. постигнат е и уште еден резултат : елегантна и софистицирана кујна.

Во спалната е избрана бела боја. Мебелот е сведен на минимум, а и тие малку елементи се карактеризираат со едноставни линии и ненаметлива форма . Дури и малку детали кои ги има се прилагодени на оваа идеа.

Што се однесува на бањата, ќе кажеме дека не воодушеви! Не толку поради сауната (може и поради неа) , туку поради осветленоста, како од белата боја така и слободниот влез на сончевите зраци низ Velux кровниот прозор во просторијата.

Особен белег и впечаток остава терасата! Вистина е дека кога терасата се прилагодувала не се размислувало толку за светлината, ниту од естетска ниту од дизајнерска страна, но во овој случај тоа и не беше потребно. Доволно беше да се оспособи простор за уживање во поглед на берлинските покриви и берлинската небесна шир.

Претворете го неискористениот поткровен простор во простор за комфорен дневен престој!

или

© Сите права се задржани. Моето поткровје 2015-2025. Развиено од My Marketing