• Иднината се гради паметно

Домот треба да е функционално место кое ќе ги задоволи сите потреби и барања на инвеститорот, место кое е опуштено и исполнето.

Покривот е еден од најбитните елементи на домот, петтата фасада која го дефинира архитектонскиот израз и обезбедува возбудлив визуелен ефект. Со модерни формати, минималистички дизајн, како и чисти и прави линии, ќерамидите на Tondach даваат одговор на најмодерните барања на модерната архитектура. Tondach овозможуваат уникатен градежен израз, кој совршено ќе се вклопи во модерната архитектура и во непосредната урбана средина.

Удобност во домот
© Geber86

Објектите ориентирани кон иднината се оптимизирани во однос на енергетската ефикасност, обновливите извори на енергија, изборот на материјали и функционалност. Основната цел на секој дом е удобен и здрав живот. Градењето на домот со Винербергер, е исполнување на сите барања на инвеститорите, домот ќе стане место каде ќе се чувствувате опуштено и исполнето. Место за подобра иднина на нашите деца, градење и за идните генерации.

Современите животни трендови, но и промените што се случуваат низ целиот свет, ќе не принудат во иднина да го менуваме нашето секојдневно однесување, работа, но и домување. Потребата од побезбеден и поздрав дом е се поголема.

Идеална животна средина може да се пронајде на некое крајбрежје, спокојно село но и во градско опкружување. Без оглед на климата и локацијата, Вашиот дом може да биде место од соништата. Домот изграден со квалитетни градежни материјали ќе овозможи природната светлина да функционира, ќе биде целосно во хармонија со природата и ќе обезбеди долготраен квалитет на домување за идните генерации.

Илјадници години наназад елементите оган, вода, воздух и почва се комбинираат за да се создадат градежни материјали со неспоредлива корисност и привлечност. Од Месопотамија и Египет, преку античка Грција и Рим, па се до денес, тулите и ќерамидите обезбедуваат безбеден дом и одлична заштита на сите временски услови. Употребата на најсовремени технологии, специфична рецептура и технолошко совршенство, денес е гаранција за создавање енергетски ефикасни, иновативни, одржливи тули и ќерамиди кои се погодни и за современите проекти но и за традиционалната архитектура.

Тулите Porotherm и ќерамидите Tondach  не само што ги следат трендовите, туку и ги поставуваат. Градиме паметна иднина и ве водиме во места од соништата!

или

Погледнете ги и останатите совети за вашето поткровје

ИЗОЛАЦИЈА

ПРОЗОРЦИ

ГИПС

КРОВЕН ПОКРИВАЧ

Претворете го неискористениот поткровен простор во простор за комфорен дневен престој!

или

© Сите права се задржани. Моето поткровје 2015-2021. Развиено од My Marketing