Како да добиете ваучер од 50 евра за новиот покрив?

Периодов во ек е кампањата „И да врне, и да вее, покривот Тондах да е“ на компанијата Винербергер. Доколку сега се подготвувате да го реновирате покривот над вашето поткровје или да изградите нов – имате уникатна можност да добиете ваучер од 50 евра.

Ве интересира што треба да направите за ваучерот? Има уште две прашања на кои сакаме да ви дадеме одговор пред да ви одговориме и на ова.

1. Зошто да изберете покрив од Тондах?

Тондах е лидер на пазарот на ќерамиди во Европа. Традицијата од 200 години на компанијата е искористена за создавање врвни системски решенија и најквалитетни ќерамиди.

Сигурни, безбедни и естетскиќерамидите на Тондах се 100% природни решенија кои ви нудат најдобра заштита од временски непогоди. И да врне, и да вее!

Дополнително, од Тондах добивате партнерски настроена компанија, која ви нуди бесплатна техничка поддршка во секое време и бесплатна пресметка на потребниот материјал за вашиот нов покрив. Доколку изберете целосно покривно решение од Тондах, ќе добиете 33 години гаранција за вашиот покрив. А тоа значи обезбедување сигурност и за идните генерации.

2. Зошто да ја изберете македонската ќерамида Винеам?

Винеам е целосно природна глинена ќерамида од портфолиото на Тондах, направена со користење на најквалитетна македонска глина и со најсовремени технологии за нејзина прецизна обработка. Ќерамидата се одликува со ненадминлива прецизност на формата и мазност на површината.

Глинените ќерамиди како Винеам се ненадминати и супериорни во однос на сите останати видови покриви на нашите простори. Тие се одлични звучни изолатори, го намалуваат влијанието на бучавата и создаваат пријатно опкружување.

Винеам располага со голем избор на бои, кои можат да излезат во пресрет на сите естетски очекувања и вашиот покрив да го направат израз на вашиот вкус. Покривот, како петта фасада на куќата, ќе ги привлекува погледите на сите минувачи, а под него вие ќе можете безбедно и трајно да се гордеете.

3. Како да добиете ваучер од 50 евра?

Одговорот на ова прашање е најлесен. Сè што треба да направите е да се регистрирате на: https://bit.ly/3ubcIi3. Ваучерот е за еднократна употреба и може да се искористи до крајот на 2021 година, заклучно со 31.12.2021.

За сите дополнителни информации, посетете ја: www.wienerberger.mk

или

Погледнете ги и останатите совети за вашето поткровје

ИЗОЛАЦИЈА

ПРОЗОРЦИ

ГИПС

КРОВЕН ПОКРИВАЧ

Претворете го неискористениот поткровен простор во простор за комфорен дневен престој!

или

© Сите права се задржани. Моето поткровје 2015-2021. Развиено од My Marketing