
Да, пролетта е тука повеќе од еден месец, ги чувствуваме мирисите надвор, но не успеваме да ги внесеме и во нашето поткровје. Потребно е само малку за магичниот дух на оваа сезона да се пренесе во куќата. Еве некои едноставни, не сложени и сосема обични совети, кој треба да служат повеќе како потсетник за оние кои, под притисок од обврските, забораваат да го “опролетат” (Да, измисливме нов збор) своето поткровје.
1. Отворете ги прозорците и оставете свежиот воздух да влезе во просторијата
Едноставно, нели? Дури и ако сте доволно среќни да живеете близу до парк, или постојат дрвја околу вас, искористете го природниот мирис кој доаѓа од надвор во ова време од годината. Светлоста преку денот е се повеќе присутна, со сонцето доаѓа и покачување на температурата, така да отварањето на прозорецот треба да стане рефлексна навика која природно ќе ја извршувате кога ќе станете рано во утринските часеви. Овој трик не ве чини ништо. Се разбира, потсетник за оние кои имаат кровни прозорци, да ја проверат временската прогноза пред да ја напуштат куќата.
2. Исполнете го балконот со цвеќиња
Прво, пред да започнеме со објаснувањето за цвеќињата на балконот, сакаме да нагласиме дека сите имаме прозорци на кои можеме да ставиме по некоја саксија со цвеќиња кои цветаат и се актуелни во пролет. Сите вие кои имате балкон или тераса, Ве советуваме да го искористите овој простор за додатно да ја зголемите аромата на пролет. Добро е да изберете растенија кои можат да ги издржат и температурите кои се повисоки – летото само што не дошло.
Покрај тоа, балконите обично располагаат со многу мал простор кој можеме да го користиме. Поткровјето често има близок контакт со ветрот… Нашиот совет е дека, во случај да имате мал балкон (кој е, исто така, изложен на ветер), мора да одберете растенија кои се поотпорни на ветар, на кој ќе можете да ставите метални или дрвени полици и да направите еден вид градина во вашиот балкон. Дополнителни совети: ако сакате да комбинирате убаво и корисно, покрај декоративните растенија, засадувајте и некои ароматични.
3. Некоја кујна знае и да мириса на ова годишно време
Некои од нас влегуваат во кујната затоа што сакаат, а некои затоа што мораат. Без оглед на вашите мотиви, влезете во кујна но замислете ги и мирисите. Цитрусниот мирис ќе Ви биде најдобар сојузник. Доколку правите пилешко, исечкајте парче лимон, додадете рузмарин или некои други ароматични билки кои ги сакате во храната, и дозволете магијата на ароми да стане реалност низ целата куќа. Ако подготвувате десерти, направете го тоа од сезонско овошје, наместо шеќер, користете ванила – ќе добиете тропски мириси.
4. Наполнете ја вазната со цвеќиња
Од зумбули, лалиња, јорговани… пролет е вистинско време Вашиот дом да зашарени од цвеќиња. Убав букет свежо цвеќе во домот ненаметливо и наивно, ќе Ве потсетува секое утро, дека веќе е пролет.. И кога спомнавме букет, размислувавме за две или три – или онолку колку што сакате да има, во кујната, трпезаријата, дневната соба или во влезната просторија. Во прилог на ова визуелното потсетување мораме да ја спомнеме и ненадминливата арома на цвеќињата која предизвикува среќа, благосостојба, чистина и свежина.Овие четири збора се нешто кое треба да го има секој дом.
Ја споделивме оваа идеја со Вас за да зборуваме за мирисот и аромата на пролет. Доколку имате дополнителен совет, пишете ни! 🙂
