• Како се менуваа прозорците на поткровјето во последните децении?

Подобрена функционалност на прозорците: како се менуваа прозорците на поткровјето во последните децении?

Во последниве години, благодарение на брзиот технолошки развој, нашите животи, нашите барања, обврски како и алатките што ги користиме во секојдневниот живот брзо се променија. Нема ништо од ова поразлично и во градежната индустрија, доколку зборуваме за прозорци, светот помина долг пат на промена, од визијата на Вилум Кан Расмусен од 1941 година, кога постоеше целта, темните поткровја да се претворат во светла просторија за живеење, со дневна светлина и свеж воздух .…

… дури и пред 80 години, најдобрите кровни прозорци на денешницата се уште се темелат токму на таа визија.

Ајде да видиме како еволуирале прозорците и што можат тие денес да обезбедат, нешто што беше сон пред неколку децении:

Од основните параметри за топлинска изолација до висока енергетска ефикасност

VELUX кровните прозорци беа произведени со најголема грижа и со најдобро знаење и искуство во тоа време, но кога станува збор за изолација, стариот покривен прозорец, дури и во добра состојба – не може да се спореди со новиот кровен прозорец на VELUX. Дали можете да замислите дека преку користење на модерен кровен VELUX прозорец можете да постигнете двојно подобра топлинска изолација, а со тоа и многу поголема енергетска ефикасност?

Денес, новата генерација на VELUX кровни прозорци ги комбинира извонредните изолациски својства со подобрените придобивки од пасивната сончева енергија.
Можеби на почеток звучи неверојатно, но факт е дека ако замените стар кровен VELUX прозорец со VELUX прозорец Standard Plus, загубата на топлина се намалува за повеќе од 60% * или за 54% ако се одлучите за најевтиниот VELUX стандард кровен прозорец.
Оваа висока енергетска ефикасност е причината поради која VELUX прозорските обезбедуваат нето-придонес во ниско-енергетските куќи, што е многу важно за намалување на глобалната потрошувачка на енергија, од кои зградите учествуваат со околу 40%.

* стар прозорецUw = 2,8 W / m2K, нов прозорец Standard PlusUw = 1,1 W / m2K

Од обични дрвени прозорци до дрвени прозорци и полиуретански прозорци без одржување

Пред 20 години, прозорците беа направени само од природно дрво, но во последната деценија VELUX воведе бели прозорци, со полиуретанска завршница. Од тој ден, белите прозорци станаа се популарни. Ова не е изненадување, бидејќи таа естетика совршено се вклопува во секој дом, нивната боја одговара на секој стил на украсување на домот.
Еден од најпопуларните прозорци денес е VELUX белиот полиуретан прозорец (без одржување), со силно термо-модифицирано јадро од дрво и беспрекорна водоотпорна полиуретанска обвивка. Овие полиуретански прозорци се неопходни за прозорецот во бањата или кујната и тоа поради нивната исклучителна долговечност, но секогаш изгледаат добро и во спалните и детските соби.

Се разбира, постојат и традиционални кровни прозорци од нордиски бор со завршен слој, обложен со транспарентен лак на база на вода што го штити дрвото од нечистотија и влага. Овие прозорци ве поврзуваат со природата и се вклопуваат во природниот ентериер или домовите кои се во рустичен стил.

Од двојно застаклување до тројно застаклување кое Ви штеди енергија

Со децении постоеја само прозорци со двојно застаклување, што секако и понатаму обезбедува голема удобност со сите стандардни карактеристики. Сепак, тројното застаклување е вистинското решение за разлика од сите претходни модели!

Дефинитивно ќе доживеете поголем мир и тишина, удобност во вашиот дом, преку прозорецот со тројно застаклување ќе ги намалите сметките за електрична енергија, во лето прозорецот може да ја блокира топлината од сончевите зраци, додека високата термичка ефикасност го спречува чувството на студ за време на зимски месеци.

Од еден кровен прозорец до многу други дополнителни кровни прозорци!

Луѓето во минатото обично имаа само по еден прозорец на поткровјето. Можеби пред неколку децении тоа и ќе беше доволно, бидејќи луѓето поминуваа повеќе време надвор и имаа доволно дневна светлина како и свеж воздух во текот на денот.

Спротивно на тоа, во денешно време ние поминуваме околу 90 % од времето во затворени простории, без доволно дневна светлина или свеж воздух – особено сега кога се повеќе луѓето работат од дома. Науката покажа дека оваа состојба може да биде штетна за нашето здравје, за нашата благосостојба и може да влијае негативно на нашиот когнитивен капацитет.

Одлична е идејата да го зголемите бројот на прозорци и да одберете дополнителни 2 или 3 прозорци на поткровјето, со цел да добиете светла, удобна и здрава средина во затворен простор!
Ако размислувате за замена на прозорците, планирајте дополнителни или поголеми прозорци: на нашата web страна можете брзо и лесно да најдете решение за вистинската комбинација на прозорци според секој простор.

Експертите на VELUX ќе Ви помогнат да го одберете вистинскиот тип на прозорец и да ги пронајдете најудобните опции, тип на стакло, компактибилност со ентериер и завршница како и додатоци што го прават вашиот дом уште поудобен!

или

Погледнете ги и останатите совети за вашето поткровје

ИЗОЛАЦИЈА

ПРОЗОРЦИ

ГИПС

КРОВЕН ПОКРИВАЧ

Претворете го неискористениот поткровен простор во простор за комфорен дневен престој!

или

© Сите права се задржани. Моето поткровје 2015-2021. Развиено од My Marketing