
Што е потребно за да создадеме не само заедничко место каде да живееме со други луѓе, туку да го создадеме домот на нашите соништа споделен со најблиските? Колку напор е потребен за да се постигне мирот, безбедноста и атмосферата што сите ја сакаме? Дали треба цел живот да зимаме во предвид различни околности, за да дочекаме оној волшебен момент кога ќе седнеме на каучот во дневната соба, ќе отвориме шише убаво вино и гледајќи го пламенот во каминот, гушкајќи ја саканата личност и набљудувајќи како нашите деца си играат на тепихот, конечно ќе се почувствуваме навистина дома? Дали е неопходно да чекаме толку долго или можеме да сонуваме малку посмело? Што заедничко има ова со керамичките ќерамиди?
Вистината е дека најдобриот квалитет на соништата е нивната склоност да се остваруваат и тоа кога најмалку очекуваме тоа да се случи. И како што сите знаеме, човечката фантазија не познава граници и честопати може да ги надмине дури и нашите најхрабрите идеи. Сигурни сме дека ќе се согласите со нас дека постои идеја, која сите луѓе ја споделуваме и кон која се стремиме, a тоа е токму можноста да имаме свој дом, зад чии ѕидови и под чиј покрив да ја создадеме историјата на својот живот.
Кога станува збор за покрив, каква асоцијација се појави во вашиот ум? Можеби Ви се појави одраз на она што децата го цртаат децата – со големи прозорци, шарена врата, веранда со столици за лулање на неа, со оџак, од кој излегува чад … вистински симбол на комфор, споделеност и среќа. И како ќе изгледа врвот на оваа куќа – нејзиниот покрив? Можете ли да го замислите? Уредни, добро средени керамички ќерамиди, разнобојни нијанси и елегантно исполнување на сите одделни елементи што го сочинуваат, благодарение на што тој се разликува не само со функционалност и цврстина, но исто така и со естетичност и трајност.
Ние во Tondach само не ја замислуваме оваа слика, туку и ја правиме реалност. За нас создавањето на сигурен и долговечен покрив не е невозможна мисија, а е нашиот повик што го следиме со посветеност и инспирација. А сепак, што е тоа што му ги дава на покривот Tondach неговите карактеристични квалитети потребни за да се стане сигурен заштитник на домашното огниште и чувар на некои од најсветите за нас моменти?
Одговорите на ова прашање се многу, но несомнено едно од најважните предности на керамичките покриви Tondach е фактот дека тие работат како сеопфатен систем. Безбедниот и цврст покрив се состои не само од керамички ќерамиди, но исто така и од други хармонично поврзани меѓу себе елементи – керамички и некерамични додатоци кои работат во синхронизација и обезбедуваат долг живот на покривот. Tondach нуди разновидност од модели: широкоформатни и стандардни димензии керамички ќерамиди, погодни за различни видови коси покриви како за нова градба, така и при реновирање и санација на стари. Покрај тоа, се нудат многубројни нијанси кои овозможуваат конвертирање на секој покрив во вистинско ремек-дело.
Веќе ви ги претставивме нашите системски покривни решенија кои ги опфаќаат не само керамичките ќерамиди, но и сет од керамички и некерамични додатоци кои се поврзуваат во еден сеопфатен и безбеден систем, благодарение на кој се обезбедува засолниште и заштита за нас и блиските со децении. Токму завршената сеопфатна покривна систем Tondach е олицетворение и израз на нашето разбирање за комплетност и синхронизација. Почнувајќи од дрвената конструкција, па преку обшивката од даски, паропропусливата подпокривна фолија, летви, контралетви, керамички и некерамични додатоци и стигнувајќи до керамичките ќерамиди, градиме чекор по чекор една од најважните делови на нашиот дом – неговиот покрив, кој го чува од каприците на времето, помага за обезбедување на удобност и топлина, ни носи спокојство. Покривот – тоа е “петта фасада” на нашата куќа и барањата за нејзиниот изглед се исто толку високи.
Можноста за избор од различните модели на керамички ќерамиди Tondach со нејзините специфични и многубројни форми во комбинација со различни нијанси на бои, овозможува крунисување на нашиот керамички покрив со неповторлива облека.
Обезбедување на совршен изглед на секој еден покрив Tondach, е суштински дел од производниот концепт на компанијата чија главна цел е развојот на иновативни и разновидни линии, за да биде задоволен дури и најсофистицираниот вкус. Во следните параграфи на нашиот материјал ќе ги разгледаме некои од најпрепознатливите карактеристики на различните техники за боење на керамичките ќерамиди Tondach. Во своите фабрики и лаборатории во цела Европа, компанијата развива линии на бои кои го покриваат целосното барање на пазарот, како и поголем спектар на цени.
Еден од начините да се придаде одредена боја на ќерамидите, е употребата на т.н. енгоби. Суштински, енгобите претставуваат растворени во вода глини со одреден минерален состав. Кон нив можат да бидат додадени метални оксиди или неоргански пигменти кои им даваат специфичност на боите. Енгобите се нанесуваат на ќерамидите преку прскање, потопување или наводнување по сушење и пред печење.
Фактот дека енгобите се печат заедно со керамичките ќерамиди при температура над 1000˚, овозможува добивање на слој, кој се одликува со длабока пенетрација и исклучително цврсто поврзување со ќерамидите. Во пракса тој слој не може да се оддели од нив и станува нераскинлив нејзин дел и и дава мат нијанса на површината. Доброто поврзување меѓу енгобата и самата ќерамида е олеснето и од нивниот идентичен состав. Важно е да се нагласи дека бојата се постигнува по природен, а не по хемиски пат, на пример со различни бои.
Една од карактеристичните предности на енгобираните слоеви е и нивната пропустливост на пареа, типична за керамичките ќерамиди, која овозможува слободно преминување на водената пареа и своевидно “дишење” на ќерамидите. Тоа обезбедува сушење на долната површина на ќерамидите при создавање на кондензација поради испарувањето на водената пареа од долните простории во подпокривниот простор, како и при разлика во температурите, пр. во циклусот ден / ноќ. Покрај тоа, поради водонепропусност на ќерамидите, се зголемува и отпорноста на мраз им што придонесува за долгиот работен век на ќерамидите и оттаму на целиот покривен систем.
Друга важна предност на енгобираните ќерамиди е сигурната заштита против формирање на лишаи, мов и задржување на прав и нечистотии врз ќерамидите, кое не само што ја попречува целокупната естетика, но и би можело да ја наруши структурата на покривот и да доведе до непланирани поправки .
Енгобираните ќерамиди поседуваат мат нијанса и придаваат природен изглед на покривот. Големата разновидност на бои овозможува широк избор за изглед на покривот. Ако треба да се менуваат единечни примероци ќерамиди во процесот на долгогодишна експлоатација, изгледот на покривот нема да се наруши, бидејќи боите нема да се менуваат од атмосферските влијанија и нема да има потреба од замена на сите ќерамиди. Не е за потценување и фактот дека енгобираните ќерамиди се наоѓаат во средната класа на цени и обезбедуваат многу добра комбинација меѓу вложени средства и добиен квалитет.
Како што веќе рековме, енгобите се само едно од нијансните разновидности кои ги обезбедува Tondach. Друг начин за обликување на површината на глинената ќерамида, е употребата на глазури. Нивниот состав е сличен на составот на енгобите, но разликата се состои во тоа дека кон глинените примеси, освен специфичните природни пигменти или метални оксиди, се додава и мелено, однапред преработено стакло кое се топи во текот на процесот на печење на ќерамидите. Слично на енгобите, нанесувањето на глазура на ќерамидите се прави после сушењето и ќерамидите се печат со веќе нанесената врз нив глазура. Оваа околност обезбедува сврзување на слојот глазура и керамичката ќерамида и ја зголемува повеќепати нејзината цврстина.
Површината на глазираните керамички ќерамиди е мазна и сјајна. Постигнувањето на гламурозна визија е едно од предностите на овој слој, но е далеку од само естетско значење. Глазурата обезбедуваат брзо отекување на дождовницата и растопениот снег и го намалува ризикот од формирање на мов, лишаи и други несакани облоги, со што се особено погодни за региони со зголемена влажност и зони со високи дрвја. Боите при глазираните ќерамиди се отпорни и се задржуваат непроменети за многу подолг временски период.
Глазирани керамички ќерамиди имаат долг работен век и тоа одговара на повисоката ценовна класа. И тука, слично на енгобираните ќерамиди, е загарантирана висока степен на отпорност при секакви временски услови, што придонесува за безбедноста и спокојството на жителите на куќата. Глазираните ќерамиди се одликуваат со голема цврстина на покривниот слој кој практично не апсорбира вода, што ја обезбедува нивната отпорност на мраз и трајност во времето.
Како дел целокупниот покривен систем сепак, боите на ќерамидите имаат многу поголемо значење отколку само да носат естетска наслада и задоволство од целокупната визија на покривот. Овие своевидни шарени системи имаат важно значење за својствата на керамичките ќерамиди и нивната отпорност на атмосферските влијанија, а оттука и за нивната целокупна трајност и долг работен век.
Во заклучок можеме да кажеме дека линиите на бои развиени од Tondach, се составен дел од комплексните решенија кои компанијата ги нуди како сеопфатен покривен систем.
Благодарение на тоа многу генерации се радуваат на убав, естетски издржан, но и функционален и сигурен покрив – покривот на нивните соништа.
