• Задихтувано- само архаичен збор или клуч за квалитетен живот во поткровјето?

За почеток да направиме разлика помеѓу двете значeња на зборот задихтувано.

Задихтувано ( англ. air – tightness ) – Карактеристика на надворешната, односно кровната косина да го сопира движењето на воздухот низ обвивката, поради температурните разлики внатре и надвор од објектот. Тоа ” истекување ” (англ. air – leakage ) се случува низ отворите, пукнатините и дупките настанати со лоша изведба или погрешен избор на материјали., или двете. ” Истекување ” на воздухот може да биде двонасочно, Во зима од надвор кон внатре, а во лето од надвор кон внатре кога топлината влегува внатре. Некој проценки кажуваат дека без добра задихтуваност на надворешната обвивка, може да има загуба на енергијата до 30% поради големо движење на воздухот низ разни дупки и пукнатини. Затоа овој вид на херметираност е еден од главните предуслови за креирање на здраво, удобно и енергетски ефикасно опкружување.

Херметираност ( англ. wind – tightness ) карактеристика на надворешната обвивка да спречи влез на студен воздух внатре поради струењето на воздухот и со тоа ја намали ефикасноста на термоизолациониот материјал. Како пример , замислете да на себе имате облечено само волнен џемпер – доколку дува ветер, студениот воздух релативно лесно ќе помине низ волната и ќе ви студи. Но доколку врз џемперот облечете уште еден слој кој недозволува студениот воздух да помине низ џемперот, тогаш неговата изолациона моќ ќе дојде до израз ,и ќе почувствувате топлина. Тоа значи дека термоизолацијата мора да биде заштитена од слободната циркулација на студениот воздух низ неа.

Задихтуваност – Вентилација

Во современото градежништво овие два поими одат заедно. Задихтуваност не значи херметички затворен објект – правилно изграден објект е и задихтуван и добро вентилиран благодарејќи на современите материјали и системски решенија . Подетално во понатамошен текст.

Што значи ова? Значи дека изолацијата не е доволна.?

Термоизолацијата е неопходна, но не е доволна поради погоре наведените причини. Зголемување на ефектот на термоизолација бара заптивање на целиот систем.

Решение – Homeseal LDS систем за изолација на поткровјата

Материјалите и правилната градба кои обезбедуваат задихтување мораат да бидат компатибилни со паропропусните термоизолациони материјали. Целиот систем мора да биде паропропуслив и контролирано да го пропушта воздухот. Како тоа се постигнува? Современите кровни фолии обезбедуваат и задихтување но и дишење на објектот! Тоа не се некакви најлони , туку повеќеслојни мембрани каде секој слој има своја функција.

Затоа Homeseal LDS системот е вистинско решение за секој кров. Да ги погледнеме неговите делови:

  1. Однадвор: паропропусна – водоотпорна мембрана Homeseal LDS 0,02 која недозволува продор на студен воздух во изолацијата како и дожд и снег во конструкцијата ( поради оштетувања на керамидите или друга покривка на кровот ) : а во исто време таа дозволува слободен проток на водената пареа од просторијата .
  2. Во средина: комбинација на камена и стаклена волна со ECOSE технологија – влакнести паропропусни материјали направени од природни сировини кои обезбедуваат квалитетен воздух во просториите.
  3. Од внатрешна страна: активна парна брана Homeseal LDS 5 го контролира протокот на пареа од внатре кон надвор . Контролираниот проток на пареа недозволува кондензација на водената пареа во термоизолациониот материјал (што се случува кога нема фолија) , и така се намалува ефектот и создава ризик од уништување на дрвената конструкција).
  4. ВАЖНО : целиот систем мора да биде задихтуван и ” течењето ” на топлиот воздух како и продор на студениот елиминиран со користење на следните материјали :
  • Лепливи траки за спојување на сите преклопи за фолии (Solifit 1) и за лепење фолии со потконструкциски профили (Solifit 2)
  • Ново : еластичен лепак Solimar 310 за спојување на фолии за бочни sидови и сите видови подлоги.

Ви посакуваме удобен и пријатен престој во вашето поткровје со системот Homeseal LDS!

или

Погледнете ги и останатите совети за вашето поткровје

ИЗОЛАЦИЈА

ПРОЗОРЦИ

ГИПС

КРОВЕН ПОКРИВАЧ

Претворете го неискористениот поткровен простор во простор за комфорен дневен престој!

или

© Сите права се задржани. Моето поткровје 2015-2021. Развиено од My Marketing