• Која е тајната за долговечност на бојата?

Животот ни нуди избор. Кога ни се потребни долгорочни инвестиции, како што е инвестирање во домот, сакаме таа инвестиција да биде што е можно поправилна и да биде инвестиција за иднината. При избор на покривна ќерамида, потребно е да се разгледаат повеќе аспекти. Пред сè, неопходно е покривот да биде функционален, стабилен и издржлив, со цел објектот да биде заштитен од надворешни влијанија, односно покривот да ја извршува својата примарна функција.

Кога покривот е во функција на петта фасада, мора да земеме во предвид дека ќерамидата што е одбрана не треба да биде само квалитетна, туку и убава.  Денешната архитектура диктира разни трендови, па наидуваме на голем избор на покривни решенија. Глинените ќерамиди секогаш доаѓаат до израз. Неспорен квалитет, голем избор на формати и бои, како и дополнителна керамичка и некерамичка опрема ќе Ви овозможат да го постигнете секој градежен потфат кој сте го замислиле.

Секој сака да постави ќерамида на покривот и да се осигура дека покривот изгледа убаво и дека така ќе остане и во следните децении. Глинената ќерамида, поради методот на производство, совршено се вклопува во овие идеи. Покрај функционалноста и квалитетот, глинената ќерамида нуди палета на бои што ги задоволува различните желби на инвеститорите и архитектите.

Самиот процес на производство на глинени ќерамиди е таков што бојата на ќерамидата не исчезнува под влијание на UV зраци и тоа за подолг временски период.

Како е ова можно?

Tondach глинената ќерамида се пече на висока температура, дури и над 1000 степени. Ќерамидата не содржи вештачки бои, туку е енгобирана или глазирана со цел да се добие трајна палета на бои.

Која е тајната на енгобирање и глазирање како процес?

Енгоба е мешавина од ситно мелена глина и оксид што рамномерно се нанесува на површината на сувата ќерамида пред печење. Кога се пече на високи температури, енгобата целосно се спојува со ќерамидата, давајќи и убава и долготрајна боја, чија издржливост е еднаква на издржливоста на самата ќерамида.

Процесот на енгоба и дава природна боја на ќерамидата, без никакви штетни материи во потполно природен процес на производство.

Процесот на глазирање на ќерамида е многу сличен, само наместо енгоба, заштитниот слој – глазурата – се топи на сувата површина на ќерамидата, што и дава убави сјајни бои.

Ова обезбедува долговечност на бојата на Tondach глинената ќерамида. Нема вештачки премази, бојата е трајна и е отпорна на UV зраци.

Комплетниот процес на производство е 100% природен. Без штетни додатоци, без хемикалии што би ја загрозиле животната средина како и здравјето на луѓето.

Ако на сето ова, додадеме дека за Tondach глинената ќерамида, можете да најдете и керамички додатоци во иста боја како веќе избраната ќерамида, вашиот покрив ќе биде една убава и функционална целина. Покрај сето тоа, ќе добиете и писмена гаранција од Tondach од дури 33 години.

Затоа не мора да се двоумите при изборот на црна или црвена ќерамида, нивната убавина подеднакво ќе трае со децении. Ваше е само да одберете и да дозволите фантазијата да Ве води.

или

Погледнете ги и останатите совети за вашето поткровје

ИЗОЛАЦИЈА

ПРОЗОРЦИ

ГИПС

КРОВЕН ПОКРИВАЧ

Претворете го неискористениот поткровен простор во простор за комфорен дневен престој!

или

© Сите права се задржани. Моето поткровје 2015-2021. Развиено од My Marketing