• Малите детали на големите мајстори

Решенијата за Tondach покрив Ви гарантираат издржлив, безбеден и квалитетен покрив, кој е и естетски привлечен. Во овој текст одговораме на некои многу важни прашања во врска со конструкцијата и реновирањето на покривот.

Како се продолжува животниот век на покривот?

Правилна конструкција на покривот, монтажа со оригинална системска опрема, која се состои од елементи за вентилација, елементи за заштита од снег, создавање на секундарен покрив како дополнителна заштита од продирање на вода во таванскиот простор.

Зошто е потребно да се користат системските решенија на Tondach?

За да се обезбеди максимална заштита на вашиот дом, потребно е да се користи оригиналната опрема на системот Tondach, бидејќи ова, заедно со ќерамидите Tondach, создава целосен систем за покрив отпорен на сите климатски услови.

Што вклучува решението за покривниот систем?

Системските решенија Tondach се состојат од решенија за вентилација, решенија за заштита од снег, решенија за заштита од влага, заштита од птици, секундарни решенија за покрив, решенија за заштита од ветер, бура.

Зошто да се користи Tondach оригинална опрема?

Оригиналната опрема Tondach е целосно компатибилна со сите ќерамиди на Tondach. Инсталирањето на оригиналната опрема на Tondach значително го продолжува животот и безбедноста на самиот покрив, а со тоа и безбедноста на оние кои живеат во објектот. Секако постои и гаранција за ова.

Кои производи треба да се користат со цел да се обезбеди квалитетна вентилација на покривот?

За да се обезбеди соодветна вентилација на покривот, потребно е да се обезбеди влез на воздух на стреата на покривот со инсталирање на Tondach заштитна решетка за птици, како и излез на воздухот под гребенот со инсталирање на вентилациона трака за слеме/гребен, во непосредна близина од поставувањето на вентилационите ќерамиди. Вентилацијата на покривот е исклучително важна бидејќи спречува гниење на дрвената конструкција на покривот и исто така го забрзува сушењето на покривот по обилните врнежи од дожд и при топењето на снегот на покривот.

Побарајте пресметка на материјалот

Откријте што ви треба за квалитетна конструкција со техничка поддршка

Побарајте бесплатен примерок

Уверете се во квалитетот на нашите производи

Online калкулатор

Приближната количина на материјал е од вас неколку кликања

Која е замената за употреба на малтер при поставувањето на капаци?

Со поставување на капаците со сува монтажа со помош на лентата за Tondach гребен, го поправаме жлебот на гребенот, без да го затвориме излезот на воздухот, што природно ја суши дрвената конструкција и самиот покрив. Покрај тоа, визуелниот изглед на покривот ќе биде комплетен, во однос на боите и елементите.

Како да се избегне кондензација на покривната конструкција?

Вентилацијата на покривот спречува задржување на влага во областа на покривната конструкција, што спречува предвремено уништување на дрвената конструкција на покривот како резултат на мувла.

Со оглед на честата појава на невреме, што е добро решение за дополнително да можеме да го обезбедиме покривот?

Најдобар начин за понатамошно обезбедување на покривот од ефектите на невремето, покрај употребата на шајки за прицврстување на капак е и држач за фалцован капак и закопчувалка за прицврстување на сечени ќерамиди.

Колку квалитетот на покривната фолија може да влијае на наклонот на покривот?

Исклучително многу! Покрај тежината на фолијата по м2, што е најчесто користен параметар за разликување на различни фолии, паропропусните фолии имаат многу други параметри на кои треба да им се обрне внимание. Ние ќе ја издвоиме вредноста на Sd, колку е помала, толку повеќе дише фолијата, т.е. таа е попропустлива на пареата и обезбедува топлинска стабилност на фолијата, бидејќи во текот на сончевите денови во просторот на подградбата се развиваат температури и до 100 ° C, така што оние поевтини и помалку квалитетни фолии се распаѓаат и ја губат својата функција. Начинот на инсталирање на фолијата е исто така многу важен. Ако е инсталиран без лепење на споевите, сметаме дека имаме инсталирано основен секундарен покрив. Во зависност од моделот на ќерамида, со поставување на фолија на овој начин, минималниот наклон на покривот може да се намали до 5 °. Ако е инсталирана премиум фолија, како што се Tondach FOL K, Tondach FOL Mono или Tondach FOL Thermo DT, чии споеви се залепени, можно е да се намали наклонот на покривот за дополнителни 3°.

Колку е важна дебелината на летвата?

Ако не прашате за дебелината на летвата, секако одговорот од некои поискусни изведувачи ќе биде дека ова е многу важна ставка при изградбата на еден покрив. Препорачуваме дебелина од 5 см поради соодветна вентилација на покривот, односно ако летвата е потенка, капацитетот на проток на воздух нема да биде доволен.

Како да се заштитиме од неконтролиранотот паѓање на снегот од покривот?

Дефинитивно топло препорачуваме употреба на Tondach снегобрани со цел да се обезбеди заштита од неконтролирано лизгање на снегот од покривот на еден добар и успешен начин. Од една страна, тоа е важно за безбедноста на животната средина, а од друга страна – снегот е добар топлински изолатор и како таков треба да се чува на покривот.

Како да се спречи продирањето на воздух и нечистотијата на покривот?

Ви препорачуваме еден многу едноставен елемент на Tondach системот – сунѓереста лента. Со инсталирање на овој елемент, ќе избегнете непријатности за време на врнежи и ветер, ќе спречите влегување на сув и ситен снег.

Зошто системот за опшивање на Tondach оџаците е подобар од лимот?

Се поставува побрзо, изгледа подобро и ефективно го штити покривот од продирање на врнежи и нечистотија. Бидејќи овој систем е монтиран на ќерамидите, а не под нив, се обезбедува дополнителна безбедност затоа што не постои можност нешто да навлезе под лентата Koraflex.

Зошто да инсталирате Tondach оригинална опрема за покрив?

  • ја зголемува безбедноста на покривот, а со тоа и безбедноста за вас и вашиот објект
  • обезбедува максимална издржливост на покривот
  • обезбедува максимална издржливост на дрвената конструкција
  • превентивно влијае на последователните трошоци за санација и поправки
  • Естетски совршено одговара на ќерамидите кои сте ги одбрале

или

Погледнете ги и останатите совети за вашето поткровје

ИЗОЛАЦИЈА

ПРОЗОРЦИ

ГИПС

КРОВЕН ПОКРИВАЧ

Претворете го неискористениот поткровен простор во простор за комфорен дневен престој!

или

© Сите права се задржани. Моето поткровје 2015-2021. Развиено од My Marketing