• Може ли функционалноста и естетиката да се комбинираат заедно?

ПОКРИВОТ – ПЕТТА ФАСАДА НА ДОМОТ

Стара желба на човекот е да создаде свој сопствен дом кој ќе го остави на децата, а тие на своите. И зошто да не! Од сите работи, што ќе ги направиме во животот, малку од нив ќе останат после нас, а уште по малку ќе се запомнат. Но, едно е сигурно: чувството што предизвикуваат фрази како “родна стреа” или “татковиот дом” имаат многу подлабока смисла од едноставно добро клише. Овие зборови светкавично не враќаат во домот, во кој сме израснале, во кој сме се чувствувале убаво и безбедно како мали, кој излегува на површина во нашите мисли, уште пред да сме ги затвориле очите.

Каков е домот од соништата?

За некој, тој се поврзува со конкретни чувства, за друг дури со конкретни мириси, трети лица можат да го опишат точно секој детал од домот, дури и после децении. И оваа асоцијација оди незабележливо во мечтите за свој дом, за она, што ќе го предадеме на идните поколенија, со надеж и тие да се чувствуваат толку добро, како што сме се чувствувале и ние.

Во градежниот бум низ последниве години се појавија и на многу чудни решенија за реализација на оваа “мечта”. Така, во стремежот да покажеме “фасада” пред другите, забораваме дека изгледот само треба да ја дополни функцијата, а не обратно. Посебно при покривањето, функцијата – да не пази од дожд, снег, ветер и град, треба да биде таа што ќе не води.

Што е енгоба и како таа ја дава бојата на ќерамидите?

Сите сме виделе најразлични видови ќерамиди – мали, големи, со ниски или високи бранови, со природна боја на керамиката или со дополнителни детали. Е, при керамичките ќерамиди природните материјали и соодветните бои, се едни од најважните за нив предности, но како се постигнуваат останатите бои? Овие бои се постигнуваат преку финишниот слој енгоба, кој се постигнува по природен пат со природни материи.

Сите различни бои од природната боја на печената глина се должат на различните железни оксиди, кои се содржат во глината и даваат различни нијанси на теракотните бои при различна температура на печење. Секоја комбинација од различни пропорции на овие оксиди придава различни бои. На пример, додатокот на манганов оксид и дава на испечатената глина силна црвена до кафена боја, а бронзениот оксид може да формира бои во зелената гама. Освен основните “земјени” бои, може да се постигнат уште десетина нови нијанси.

Технологија на поставување

Општо мислење е дека енгобата е финален слој кој се додава врз ќерамидите и така се формира дополнителен слој, но не е така. Енгобата всушност е дел од самата ќерамида, затоа што е составена од иста по состав материја како и глината, многу фини честички прашина, на кои се додаваат различните оксиди. Кон нив се додава само вода. Се добива течен раствор, кој со помош на центрофуги формира уште пофина магла од самиот раствор и рамномерно се распрскува врз лицето на ќерамидата. Ќерамидите во оваа фаза од производството се само исушени, но сè уште не се испечатени. Енгобата навлегува во капиларите на ќерамидата длабоко под нејзината површина, речиси се впива во неа и така се соединуваат. После тоа се печат на температура од 1050 до 1060 °С.

Кои се придобивките од егобата?

При толку висока температура, дел од енготата се топи и се поврзува со основата, што го прави овој слој траен. Освен тоа ја заштитува засекогаш бојата и најважното не дозволува формирање на мов и лишаи на површината на ќерамидата што ја прави практично вечна.

Со толку високи заштитни квалитети на ќерамидите, како дел од целиот покрив, можеме да се отпуштиме и да уживаме во естетската страна на нашиот избор, без да се грижиме, дали тоа ќе ја оштети функционалноста на нашиот покрив. А кога имаме избор, имаме и слобода. Слобода да ја твориме, создаваме и пресоздаваме онаа куќа од соништата, чија слика е пред нашите очи: со убави 4 ѕидови на фасадата, но сега има и петти: покривот.

или

Погледнете ги и останатите совети за вашето поткровје

ИЗОЛАЦИЈА

ПРОЗОРЦИ

ГИПС

КРОВЕН ПОКРИВАЧ

Претворете го неискористениот поткровен простор во простор за комфорен дневен престој!

или

© Сите права се задржани. Моето поткровје 2015-2021. Развиено од My Marketing