• Создадете го поткровјето со помош на сите 5 сетила

Сите ние сме свесни дека местото каде што живееме, освен што претставува заштита од надворешни услови, истовремено е место кое треба да не стимулира и да придонесува за наши позитивни чувства и активација на сите човечки сетила. Сигурно ви се случило во период додека сте биле под стрес да бидете уште по нервозни гледајќи го нередот во поткровјето. Ова е веќе алармантно, засукајте ги ракавите – време е да се фатите за работа! Со ваков став, анксиозноста лесно поминува, ова е доказ дека опкружувањето влијае на тоа што сме ние како личности и она што го чувствуваме.

Нашиот дом е  “наше место под небото” тука сакаме да се чувствуваме сигурно, сакаме да имаме супер опркружување бидејќи сето тоа влијае на нашиот секојдневниот живот и нашето расположение.

Доколку ова го имаме во предвид, уредувањето ќе ни биде една основна тема за работа. Затоа треба да ги вклучиме сите сетила, бидејќи ние и го чувствуваме својот дом со помош на сите тие сетила.

1. Сетило за вид: значењето на светлината

Очигледно е дека видот најмногу се поврзува со естетиката. Но, да не забораваме нешто што е од суштинско значение: невозможно е нешто да видиме доколку нема светлина. Можеби ќе бидеме среќни дека сме ги откриле сите ситници во просторијата или одбираме некои специфични бои за sидовите, сме купиле гарнитура за седење во омилена боја…ништо од ова не е важно доколку има лошо осветлување. За среќа, станарите во поткровјата немаат ваков проблем, сакаме да потенцираме колку сме горди на тој факт. Куќа во која нема доволно светлина има ниско ниво на енергија, во тој дом потребно е да влезе сончева светлина. Светлината не е само природна потреба, докажано е дека сонцето не прави среќни и секогаш влијае за подобро расположение.
Доколку сопствениците на едно поткровје поради било кои причини не уживаат во природна светлина тогаш мора да дадат предност на осветлувањето.
Кога веќе одбирате вештачко светло , топлата светлина е таа која има за цел да ве релаксира, студената бела светлина во просторот е добра доколку учите или пак за активација на општата ментална активност.

2. Сетила за допир: текстура

Прво сетило кое се развива е допирот. Бебето ја чувствува раката на мајката и нејзиното допирање, преку овој допир бебето остварува контактот со светот дури и пред да ги отвори очите. Ова е доста важно сетило. Искористете го сетилото за декорација на просторот во кој живеете, дозволете си интересен избор на текстури. На пример , поставете меко ќебе на вашиот кревет, ова ќе направи да се чувствувате пријатно, лесно ќе се опуштите и потонете во сон. Истото се однесува и за тепихот, топол, нежен – добро е ова чувство кога газиме на него. Со еден збор, текстурата и материјалите во домот би било супер доколку се меки. Можеби нивниот ефект не е толку очигледен, но тие дефинитивни придонесувват за создавање на опуштена атмосфера .
Полесно е да замислиш отколку да реализираш, особено доколку се прави пресметки и на финансиската ситуација, но секогаш можете да одберете и да си дозволите нежни крпи кои секојдневно ги допирате.

3. Сетило за слух: музила и ”бел шум”

Дали некогаш ви се случило додека сте дома, работите во тишина, и одеднаш да забележите колку лоши звучни моменти слушате од надвор?! Соседите викаат, автомобилите се премногу гласни, птиците слетуваат по лимените кровови, нивниот звук како да ви одsвонува во глава. Најдобар начин за да го решите ова е добра звучна изолација на поткровјето, потоа препорачуваме да го “украсите” поткровјето со добра и убава музика. Едноставно: одберете музика која во тој момент најмногу ви одговара, пуштете ја доволно силно онолку колку што сакате во тој момент, се разбира при тоа да не пречи на околината, на овој начин проблемот е решен! Доколку сте од оние кои сакаат да се изолираат и музиката ви пречи на концентрацијата…за вас препорачуваме еден мал трик: “Бел шум”. Тоа е константна и еднолична бучава преку кoja се изолирате од светот и можете да се посветите на активностите.
Доколку токму сега сакате да го пробате овој наш мал трик, повелете, ова е линкот: https://youtu.be/ptAuQcrviWk

4. Сетило за мирис: дозволете си посебен мирис во вашиот дом

Дали некогаш ви се случило да го почувствувате мирисот на нечиј капут, блуза, шал и да помислите како таа облека мириса исто како што мириса и домот на личноста која ги носи. Сите куќи имаат свој специфичен мирис, само некои од нив повеќе се чувствуваат. Вие не го забележувате мирисот на домот бидејќи во него живеете. Кога сте отсутни од дома додека сте на годишен одмор или подолго патување и потоа по враќањето Вие веднаш ќе ја почувствувате миризбата. Чувството за мирис најмногу се поврзува со емоциите и сеќавањето ( потсетете се на тоа како некој парфем веднаш ве асоцира на некоја ситуација во животот ) искористете го ова во своја полза и одберете како сакате да мириса вашиот дом. Така вашата куќа ќе биде поврзана со вас и ќе се чувствувате прекрасно, секој пат кога ќе се вратите дома.

5. Сетило за вкус: најмалку користено сетило во домот

Доколку сега ви поставиме прашаме “Каков е вкусот на вашиот дом”?….Што би ни одговориле?
Во прв момент сите ќе помислиме дека е невозможно домот да се декорира со чувството за вкус, но кога ќе помислиме, ова сетило е севкупниот впечаток на домот. Секако дека е во блиска врска со кујната и тоа што во неа се готви. Миризбата може да биде од кафе, колачиња или пита со јаболко, сирење. Кога е во прашање сетилото за вкус, автоматски се вклучува носот (тие две сетила се директно поврзани), но сетилото за вкус е поврзано со храната и чувството на домот.
Не е чудно што чувствуваме нежна носталгија секогаш кога подготвуваме некое јадење по рецептот на мама, нели?

Извор: Bioguia

или

Погледнете ги и останатите совети за вашето поткровје

ИЗОЛАЦИЈА

ПРОЗОРЦИ

ГИПС

КРОВЕН ПОКРИВАЧ

Претворете го неискористениот поткровен простор во простор за комфорен дневен престој!

или

© Сите права се задржани. Моето поткровје 2015-2021. Развиено од My Marketing