• Париско поткровје низ илустрација и текст

Денес ве носиме во Париз. Не на кроасан или прошетка покрај Сена ( впрочем во Париз денес врне ), ве носиме во едно поткровје. Знаеме дека ова воопшто не ви е чудно, поинакво патување не ни можете да барате од вљубениците на поткровје.

Па, ајде да почнеме…

Прво што ни паѓа во очи во овој дуплекс од 80 метри квадратни се сивите тонови. Иако sидовите се бели, сивите тонови со кои е бојадисана циглата се толку нежни што на амбиентот му даваат посебна нежност и елеганција. Портокаловите детали во вид на перничиња и гредите во природна боја , се потрудија овој простор да не изгледа стерилно и студено. Светлите тонови на мебелот , дополнително ја нагласуваат светлината во станот, и го прават да изгледа уште попростран.

Дневната зона е од отворен тип и ја сочинуваат: дневниот престој , трпезаријата и кујната со поставен голем камин во средина, кој на некој начин ги поврзува сите елементи во просторот. Во зима сопствениците уживаат околу каминот, а во лето ова место станува централно место за дружба со романтична светлина која доаѓа од свеќите. Од дневната соба се излегува на преубав мал балкон со поглед на париските кровови и урбаното градско јадро.

На горниот кат е спалната соба, малечка ,светла и шармантна. Уредена е, како и останатиот дел од поткровјето, во скандинавски стил, поткровје изградено со љубов и стил.

Како и секогаш, овој пример го споделивме со вас, со цел да ве инспирираме и помогнеме вашиот дом во поткровјето да го уредите на најубав и најдобар начин – секако кога за тоа ќе дојде времe.

Претворете го неискористениот поткровен простор во простор за комфорен дневен престој!

или

© Сите права се задржани. Моето поткровје 2015-2024. Развиено од My Marketing