Поткровјељупци, денес со вас сакаме да споделиме фотографии од еден софистициран современ пентхаус кој може да се пофали со две кровни тераси и незаборавен ентериер.
Овој дом е со површина од 200 квадратни метри , а се наоѓа во Стокхолм, во Шведска.
Срцето на станот е голем дневен престој, со трпезарија, аголна софа и прекрасен камин. Природните материјали се присутна тема во овој пентхаус и се сместени во полиран боров под кој идеално се совпаѓа со црни фарбани греди. Клавирот се наоѓа под еден од прозорите и може да замислиме каква атмосфера на добредојде се создава кога некој ќе засвири.
Белите sидови ги смируваат живописните декоративни елементи и представуваат своевиден контраст кој пак внесува севкупно чувство на свежина. Пентхаус има три спални соби, што обезбедува голем степен на удобност.
Впрочем, видете ги фотографиите и незаборавете да ги споделите впечатоците со нас!
Извор: Line C Design