• Покрив за квалитетно домување

Решенијата на Tondach Ви гарантираат издржлив, безбеден и квалитетен покрив, кој вооедно ќе биде и естетски пријатен, со избор за разновидни желби и стилови. Продукт менаџерите на нашата компанија ќе споделат со вас неколку совети како и препораки за изградба на квалитетен и долготраен покрив.

На кој начин се продолжува животниот век на покривот?

Со инсталирање на оригинална системска опрема, која се состои од елементи за вентилација на покривот, елементи за заштита од снег, како и инсталирање на секундарен покрив како дополнителна заштита против продирање на вода во просториите во вашиот дом.

Зошто при градењето на покриви потребно и елементарно е да се користат системски решенија?

Ова е така со цел да се обезбеди максимална можна заштита за вашиот дом, потребно е да се користи оригинална опрема на Tondach системот, бидејќи заедно со ќерамидата, Tondach прави систем на оптимални решенија за покриви отпорни на сите климатски услови. На овој начин ќе имате можност да добиете 33-годишна гаранција за ќерамидите, што е голема предност, особено затоа што зад таа гаранција стои компанија која има 200 годишна историја. Бидете сигурни дека сте ја одбрале вистинската опција и дека сте обезбедени со долготраен покрив.

Tondach системските решенија се одличен избор бидејќи вклучуваат само најквалитетни материјали, материјали кои “дишат” и обезбедуваат енергетска ефикасност  како и безбедност на објектот.

Што вклучува покривниот систем на Tondach?

Tondach системските решенија се состојат од решенија за вентилација на покрив, решенија за заштита од снег, решенија за заштита од невреме, проветрување, осветлување на поткровјето, излез на покривот, секундарни решенија за конструкција на покрив, покривни отвори и вентилација, керамички прибор за заштита од ветер.

Зошто да користите оригинална системска опрема Tondach?

Оригиналната опрема Tondach е дел од покривното решение на Tondach, така што е потполно компатибилна со сите ќерамиди. Инсталирањето на оригиналната опрема на Tondach значително го продолжува векот на траење и безбедноста на покривот, а со тоа и безбедноста на оние кои што живеат во објектот.

Кои производи треба да се користат за да се обезбеди квалитетна вентилација на покривот?

За да се обезбеди соодветна вентилација на покривот, потребно е да се обезбеди внес на воздух од стреата на покривот – со инсталирање на Tondach вентилационен елемент за стреа  и заштитна решетка за птици, потоа да се обезбеди и излез на воздух под гребенот и во непосредна близина на гребенот преку инсталирање на Tondach вентилациона трака за гребенот/слемето и вентилационите ќерамиди. Вентилацијата на покривот е исклучително важна бидејќи само со добро поставување/инсталирање на целовкупнот систем ќе се спречи гниење на дрвената подконструкција, а покрај тоа го забрзува и времето потребно за сушење на покривот по обилни врнежи или при топењето на снегот на покривот.

Колку е исправно да се употребува малтер при поставувањето на капаци?

Инсталирањето на капаци со употреба на малтер не е ниту квалитетно, ниту функционално ниту визуелно привлечно решение за покривот. Со инсталирање на држачот за летва, дражачот за капак, со инсталирање на Tondach вентилационата трака за слеме/гребен, го поправаме пресекот кај гребенот, без да го затвориме излезот на воздухот што всушност ја суши дрвената конструкција и самиот покрив. Во области каде има посилни обилни врнежи и силни ветришта ова е неопходно, ова е исклучително важно да се потенцира. Покрај тоа, со оваа инсталација, добивате покрив кој изгледа естетски убаво и е функционален за идните генерации.

Како да се избегне кондензација на покривната конструкција?

Одговор на ова прашање е преку инсталирање на елементи за вентилација. Вентилацијата на покривот спречува задржување на влагата во областа на покривната конструкција, што истовремено спречува предвремено влошување на покривната конструкција кое може да настане како резултат на влага и мувла.

Како дополнително да се заштити покривот од честата појава на невреме?

Најдобар начин за понатамошно обезбедување на покривот од ефектите на невремето, покрај употребата на шајка за капак потребно е да се употребуваат и држач за летва, држач за капак и закопчувалка за прицвртување на сечени ќерамиди.

Колку квалитетот на покривната фолија може да влијае на наклонот на покривот?

Покривните фолии се многу важен елемент на покривот. Покрај тежината на фолијата по м2, што е најчесто користен параметар за разликување на различни фолии, покривните фолии порозни на пареа имаат и многу други параметри на кои е важно да се обрне внимание. Ние ја издвојуваме SD вредноста – за што битно е да е што пониска вредноста затоа што тогаш фолијата „дише“ повеќе, односно е попропустлива на пареа. Покрај тоа, термичката стабилност на фолијата е важна, бидејќи за време на сончевите денови во поткровната конструкција, се достигнуваат температури и до 100°C, при што поевтините и неквалитетни фолии се распаѓаат и ја губат својата функција.

Начинот на инсталирање на фолијата е исто така многу важен. Ако фолијата е инсталирана без лепење на споеви, се смета дека е инсталиран основниот секундарен покрив. Во зависност од моделот на ќерамида, со поставување на фолија на овој начин, минималниот наклон на покривот може да се намали до 5°. Ако е инсталирана премиум фолија, како што се Tondach FOL К чии споеви имаат вградено трака за лепење, можно е да се намали наклонот за дополнителни 3°.

Зошто да инсталирате Tondach оригинална опрема за кров?

  • Ја зголемува безбедноста на покривот, а со тоа и вашата безбедност како и на вашиот објект
  • Обезбедува максимална издржливост на покривот
  • Обезбедува максимална издржливост на дрвената конструкција
  • Превентивно ја намалува можноста за трошоци за санација
  • Естетски, целосно одговара на ќерамидите за кои што се одлучивте

или

Погледнете ги и останатите совети за вашето поткровје

ИЗОЛАЦИЈА

ПРОЗОРЦИ

ГИПС

КРОВЕН ПОКРИВАЧ

Претворете го неискористениот поткровен простор во простор за комфорен дневен престој!

или

© Сите права се задржани. Моето поткровје 2015-2021. Развиено од My Marketing