• Поткровје кое има само еден sид

Ова поткровје има само еден sид! Се разбира не го сметаме sидот од купатилото. Зошто ова е важно? Па затоа што на тој еден sид се ставни неколку плакари и еден телевизор и затоа што баш тој распоред овозможи природната светлина да вплови во просторијата.

Станот се наоѓа во Стокхолм и има “само” два прозора во дневниот престој . Кога велиме два мислиме на три, бидејќи се работи за влез во облик на буквата U , кој е оделен со стакло, и каде еден дел води во дневниот престој , а вториот во кујна. Поради ова, поткровјето добива максимална светлина.

Овој простор со вкупна стамбена површина од 49м2, плус 6м2 балкон, е функционален и многу осветлен. Опремен е во скандинавски стил, и доминантната бела боја е разбиена со весели детали кои не го оптеретуваат просторот и греди кои му даваат топлина на самиот простор. Од гломазен мебел, доколку може да се каже дека го има, оваа гарсоњера е опремена само со еден плакар во спалната соба и гардеробер до кујната.

Терасата е посебна магија за која нама де трошиме многу зборови. Само ќе ги затвориме очите и ќе замислиме какво е чувството кога на неа се пие утринското кафе.

Извор : Atico sin Paredes

Претворете го неискористениот поткровен простор во простор за комфорен дневен престој!

или

© Сите права се задржани. Моето поткровје 2015-2022. Развиено од My Marketing