• Поздрава внатрешна клима со VELUX ACTIVE with Netatmo

Здрава внатрешна клима не е нешто што може да се види, туку почувствува : имате повеќе енергија, полесно и подлабоко дишете, добро спиете. Денес , кога 90% од времето го минуваме во затворен простор, големо значење се дава на одржување на внатрешниот простор.

Компаниите VELUX и Ntatmo партнерски работеа на пазарот да понудат паметен систем за автоматска  контрола на кровните прозори, внатрешни и надворешни ролетни кои работат на сензори и нудат поздрав дом за живеење.

Вентилација со сензори

Паметните сензори ја следат температурата, влажност на воздухот и концентрација на СО2 и спрема параметрите автоматски со отвараат или затвораат, со што нудат оптимален комфор во просторот. Бидете без грижа, овој паметен систем знае кога врне и го одложува автоматското проветрување.

Задржете ја контролата

Управувајте со своите VELUX INTEGRA кровни прозори и ролетни од било каде со помош на бесплатна интуитивна VELUX ACTIVE апликација .Кога ќе посакате и од каде ќе посаката, на овој начин можете да го проверите статусот и да ги отворите/затворите кровните прозори или да ги спуштите ролетните. Со иста апликација може да ја проверите влажноста на воздухот, температурата и ниво на СО2 во секоја просторија и така бидете сигурни дека предстојувате во здраво опкружување. Апликацијата е достапна и за иОS и за Андроид уредите.

“Еј Сири, отвори го прозорецот”

VELUX ACTIVE е компатибилен со Apple Home Kit и овозможува со гласовни команди да ги контролирате сите VELUX INTEGRA производи, како и други паметни домашни уреди. Само кажете Сири да го отвори кровниот прозор и направи совршена атмосфера за пријатна донашна вечер.

Зошто е битно редовно да се проветрува просторот?

Дајте му задача на VELUX ACTIVE системот, периодично да го проветрува вашиот дом, дури и кога температурата и влажност и СО2 е на оптимално ниво. Така може да уживате во свежиот воздух и го отстраните непријатниот мирис од не проветрена просторија.

Паметна заштита од топлина

VELUX ACTIVE практични ги затвара сите VELUX INTEGRA надворешни ролетни и мрежички врз база на локалната временска прогноза. Подесете ја својата оптимална температура во апликацијата , и системот ги подига или спушта овие помагала за заштита од топлина и ви овозможува удобност и комфор.

Едноставно напуштање на домот

Со едно притискање на v копчето, при напуштање на станот, сите VELUX кровни прозори кои ги имате во системот ќе се затворат. Кога прозорите се потполно затворени, преку вентилациони преклопи се обезбедува вентилација.

“Направи сам” инсталирање

VELUX ACTIVE можете сами да го инсталирате, без никаква професионална помош, само следете го упатството кое се наоѓа во опаковката.

Доколку вашите кровни прозори немаат електричен или соларен погон, а сакате да користите VELUX ACTIVE , нивната дополнителна електрификација е можна со додавање на мотор. Така и овие модели на VELUX кровни прозори можат да се вклучат во VELUX ACTIVE систем.

или

Погледнете ги и останатите совети за вашето поткровје

ИЗОЛАЦИЈА

ПРОЗОРЦИ

ГИПС

КРОВЕН ПОКРИВАЧ

Претворете го неискористениот поткровен простор во простор за комфорен дневен престој!

или

© Сите права се задржани. Моето поткровје 2015-2021. Развиено од My Marketing