• Пуштете го здравјето во вашиот дом преку иновативниот систем Velux Active

Во едно топло попладне тргнуваме на мисија која нè води до станбена зграда во еден од модерните јужни квартови на Софија – Белите брези. Таму имаме средба со едно семејство со две деца – 11-годишно девојче и 6-годишно момче. Причината за нашата посета е желбата да дознаеме како кровните прозорци VELUX и иновативниот систем за нивно управување VELUX Active значително го подобриле квалитетот на нивниот живот.

Уште на прагот на овој прекрасен дом, ние сме фасцинирани не само од широката насмевка на нашите љубезни домаќини, туку и од светлината, просторот и свежината на поткровјето во коешто живеат. Овој впечаток е надополнет со ентериерот во којшто доминираат белата боја и светлото дрво кои се во совршен склад со топлата боја на дрвото на рамките на кровните прозорци.

Во потрага по нов дом

Приказната на ова младо семејство е типична за големиот град. Со растењето на нивните две деца, се јавува потреба од поголем простор и затоа почнуваат да бараат ново место за живеење во коешто секој ќе си има свое катче, а децата ќе ги имаат најсоодветните услови да растат, играат и читаат. Започнуваат заморните тури и бројните разгледувања… сè додека еден ден, сосема случајно, тие го откриваат своето „богатство“. Додека разгледувале стан во квартот „Белите брези“, дознаваат дека во зградата има уште еден слободен простор – со иста големина, но во поткровјето. Заинтригирани, сопружниците одат да го погледнат, но дури и само еден поглед бил доволен за да сфатат дека тоа е домот од нивните соништа. Она што веднаш ги освоило бил просторот, удобноста и светлината којашто влегувала од многуте кровни прозорци во просториите.

„Очекувавме да видиме еден обичен стан, но веднаш штом стапнавме на прагот, бевме воодушевени од изобилството на сончева светлина и од просторот. Исто така ни се допадна и распоредот на собите, како и фактот дека ќе бидеме сами на катот“, објаснуваат сопствениците.

Одлуката била донесена брзо и без двоумење, за што помогнал и фактот дека кога станува збор за поткровје, делот од површината под закосените водови на покривот не се калкулира при одредување на цената. Овие места истовремено се и многу корисни бидејќи се погодни за вградување на мебел за чување предмети и ја поттикнуваат имагинацијата во потрагата по ентериер со пораскршени форми и линии.

Кровни прозорци и VELUX Active систем

И ние и симпатичното семејство се согласуваме дека шармот на овој прекрасен дом во голема мера се должи на ефектот од употребата на кровни прозорци, вкупно 13 во сите соби. Како што може да се очекува, освен што овие многубројни прозорци се убави за окото,  за нив исто така е потребна добра информираност кога станува збор за дополнителните елементи и начинот на користење и одржување.

Уште со купување на поткровјето, семејството ги опремило сите кровни прозорци со внатрешни ролетни VELUX, а оние со поглед на југ – и со тенди за заштита од јаките сончеви зраци во текот на летото. Подоцна, јужните прозорци ги опремиле и со надворешни ролетни со коишто максимално се регулира климата и протокот на светлина во просториите. Она што ги обединува сите овие компоненти во еден интелигентен систем за микроклима е VELUX Active. Токму тоа е и целта на нашата денешна посета – да дознаеме повеќе за овој систем, за прв пат воведен тука, во Бугарија.

Системот VELUX Active им обезбедува извонредна удобност на станарите бидејќи со негова помош тие можат да управуваат со кровните прозорци на максимално брз, лесен и удобен начин, вклучувајќи го тука и нивното отворање и затворање, како и сите надворешни и внатрешни ролетни и тенди. Сето ова е возможно и со помош на далечински пристап од таблет или смартфон со користење на интернет. Системот овозможува да се зададат конкретни вредности за температурата, влагата и јаглеродниот диоксид, коишто тој постојано ги следи и мери и во зависност од нивните поставени вредности во просториите, автоматски управува со прозорците, ролетните и тендите со цел да го регулира протокот на свеж воздух и засенчувањето.

VELUX Active се состои од сензор за мерење на внатрешната клима, прекинувач за директна контрола и портал кој се поврзува со безжичната мрежа во домот и се користи за далечинско управување. Сензорот ги мери трите основни здравствени индикатори во просториите и овозможува автоматско управување со кровните прозорци. Само со едно притиснување на прекинувачот може брзо да се затворат сите прозорци и да се остави просторот да се вентилира преку вентилационите вентили.

Инсталацијата на системот VELUX Active е лесна и интуитивна. Неговата компатибилност со Apple HomeKit овозможува да биде управуван со помош на гласовни команди. Покрај тоа, VELUX Active е поврзан со станиците на NetAtmo и навремено реагира на промените на временските услови, односно ги затвора или отвора прозорците и управува со ролетните во зависност од времето надвор. Системот овозможува голем број дополнителна функции – на пример прозорците имаат сензори за дожд, коишто автоматски се затвораат уште со паѓањето на првите капки.

3 од кровните прозорци во домот се опремени со VELUX– во спалната соба, детската соба и дневната соба, а семејството е особено задоволно од својата одлука да инвестира во ваков иновативен систем. Со негова помош, тие ја оддржуваат осветленоста и внатрешната клима според нивниот вкус, а ефектот врз нивното расположение и здравје не може да не се забележи.

„Сакам да имам воздух и вентилација, а сега сме спокојни затоа што можеме да имаме свежа атмосфера во домот дури и кога сме на работа со помош на нашите телефони” – вели сопругата и додава дека, освен тоа, самите прозорци VELUX се многу лесни за одржување и чистење.

Воведувањето на системот VELUX Active му носи на семејството уште една значајна придобивка. Благодарение на големиот број кровни прозорци во домот, во текот на зимата има голема количина топлина и светлина од сонцето којашто интелигентно се распоредува во станот со помош на системот VELUX Active. Така, во текот на студената сезона од годината станот е доста топол и дури нема потреба да се користи парно, а во текот на летото многу помагаат надворешните ролетни кои значително ја намалуваат температурата во просториите.

„Тие честопати се целосно спуштени во текот на топлите летни денови, а нивниот ефект е неспоредлив “, вели сопругот. „Се разбира дека за да ја постигнеме саканата температура во текот на најтоплите денови ние користиме и клима уреди со коишто исто така управуваме со помош на онлајн апликација“, додава тој.

Според изразот на лицето на сопружниците и ентузијазмот со кој раскажуваат за нивниот дом додека ни покажуваат наоколу, сфаќаме колку силно се приврзале за ова поткровје само една година по вселувањето во него.

„Во поткровјето имаме светлина, простор, анонимност и извонреден поглед, а автоматската контрола на ролетните и кровните прозорци ни овозможува лесно да си го креираме саканиот амбиент во нашиот дом – за гледање филмови, одмор, спиење… Децата исто така одлично се справуваат со иновациите што ги воведовме во домот, а истовремено ја зголемивме и неговата безбедност – во случај на невреме можеме да ги затвориме прозорците, каде и да се наоѓаме“, вели семејството.

„Многу е пријатно чувството кога се вратиме од патување и дома е проветрено и свежо. До неодамна бев постојано загрижена да не сум заборавила некој отворен прозорец, но сега ми се потребни само неколку секунди да проверам и да ги направам потребните прилагодувања, па да продолжам мирно со работа или целосно да му се посветам на семејството“, додава сопругата.

Воодушевени од станот и обземени од фасцинантната приказна, не сакавме да го напуштиме тој свеж, простран и пријатен дом, но дојде моментот кога треба да се разделиме од нашите љубезни домаќини. Се збогувавме со нив благодарни што ни дозволија да го видиме нивниот дом и што ни открија некои од нивните тајни состојки коишто го претвориле ова поткровје во вистински рај во срцето на градот.

Претворете го неискористениот поткровен простор во простор за комфорен дневен престој!

или

© Сите права се задржани. Моето поткровје 2015-2025. Развиено од My Marketing