Пристигна најсветлата и најинтимната сезона. Празничниот дух владее во градовите ширум светот. Запомнете дека декорацијата, музиката и вашето расположение се добитна комбинација за оваа сезона. Сепак, може да се постави прашањето, како да се создаде омилениот простор? Ги споделуваме нашите совети и идеи за тоа како да креирате магија. Прочитајте и дозволете ни да Ве однесеме на ова патување.
После две години изолација, оваа година конечно ќе можеме да здивнеме и послободно да ги дочекаме Новата година и Божиќ со нашите најблиски. Ако не ви е доволно да уживате во начинот на кој зимската сончева светлина продира низ вашите прозорци, можете да ја украсите вашата куќа со новогодишни светилки и украси – носејќи вистинско чудо за вашето семејство. Ова е она време од годината каде можете да ја “облечете” вашата куќа од внатре и од надвор, да ги ширите вашите желби и добрина и да ги славите семејството и љубовта.
Во однос на декорацијата, детално избраната празнична декорација може да биде многу пријатна, но има неколку аспекти кои вреди да се земат во предвид при одлучувањето. На пример, изборот на LED светилки може да биде енергетски поефикасен бидејќи тие во просек трошат помалку енергија.
Ако живеете по принципот „помалку е повеќе“, тогаш треба да побарате “самовилни” светла – мали електрични светла во боја. Тие се многу посебни и создаваат атмосфера која би се вклопила и би било како бајка. Препорачуваме да ги инсталирате на места каде што не ви треба многу осветлување, бидејќи малите агли се добри само за украсно осветлување. Тие изгледаат одлично околу прозорецот – правејќи го снежниот пејзаж незаборавен кога гледате кон надвор – можеби дури и би го виделе Дедо Мраз со неговите ирваси и санки како се движи низ прозорците на VELUX.
Поинаков начин да го подобрите расположението се свеќите кои се креирани во многу различни мириси, изборот на вашата омилена арома и палењето на свеќа во вашиот дом создава чуда. Не само што ќе донесе фантастичен мирис, туку ќе создаде и голема интимност.
Не случајно во овој период од годината срцето ни чука толку силно и здивот ни застанува пред сите тие магии, светла, мириси и украси околу нас.
Зимата е време да се чувствувате пријатно. За да уживате во празниците најдобро што можете, треба да го направите вашиот дом што е можно попријатен. Што значи удобност за вас?
Најважни се чистотата, светлината, чистиот воздух и поврзаноста со природата – ова се некои основни потреби. Ова може да биде проследено со создавање на поканувачки простор со поставување на интимни светла, палење свеќи со мирис на јаболка и цимет, готвење на вашите омилени оброци и забава со друштвени игри.
Да направите се што би Ве потсетило на најдобрите спомени од овој посебен празник, дури можете да му додадете дополнителен мирис на воздухот. На пример, мирис на колачиња или мирис на чај.
Сега, ајде да зборуваме за можеби најважниот предмет во оваа сезона, а тоа е елката. Ние ги почитуваме потребите на нашата планета, затоа нашиот совет е да одберете одржлива опција, на пример дрво во саксија, за да можете да го засадите по празниците.
При избор на место за елката на поткровје, најпотребно е да ја поставите на безбедно место, заштитено од ветер, влага и деца.
Кога украсувате, размислете кои бои најмногу одговараат на вашиот стан и кои бои би ја направиле вашата елка најубава. Минатата година, на пример, беше исклучително популарно да се користат украси покриени со снег.
Како дел од украси одлични се и чоколадните календари, но она што ги прави различни е тоа што можете да одбројувате до големиот ден, да го почувствувате новогодишниот дух и со весело расположение да јадете по едно парче чоколадо секој ден.
За да ги разубавите деновите, пуштете Божиќна музика во текот на денот, има голема улога во празничното чувство. Слушајте ги вашите омилени песни и пејте заедно! Ова дефинитивно ќе ви ги разубави деновите! Сè на сè, за која и декорација да се одлучите, оваа славна сезона, љубовта и подарувањето треба да бидат во фокусот – да ја донесете целата убавина и духот на празникот.
Ви посакуваме среќен Божиќ и среќна Нова Година