Во зависност од оптичките барања за завршна обработка на површините, Европското здружение на производители на пороизводи од гипс воведоа четири степена на квалитет:
1. Степен на квалитет О1
За површини без оптички и декоративни барања. Завршната обработка на површините по О1 степен вклучуваа исполнување на спојот на гипсените плочи, како и покривање на видливите делови со бандаж трака.
Во пракса тоа значи користење на масата Knauf Uniflot за исполнувач за полутркалезни закосени ивици (HRAK) / полутркалезни ивици (HRK), Knauf Fugenfuller Licht или Knauf Fill & Finish со додавање книжна трака за закосени ивици (AK) по должина. Со оваа постапка, обработената површина е подготвена за понатамошна обработка, и тоа за :
- Површини на кои ќе се поставуваат плочки, украсни плочки или подебел слој малтер.
- Површини на кои немаат никакви оптички (украсни) барања
ИЗРАБОТКА:
- Исполнување споеви
- Обработка на видливи средства за зацврстување.
2. Степен на квалитет О2
За површини со стандардни барања за sидови и плафони. Целта на оваа обработка е да се намали прелазот во делот кај споевите, на внатрешните и надворешните агли како и добивање рамен прелаз на местата каде бандаж траката е над плочата. Обработката на површините со О2 квалитетот подразбира обработка на споевите О1 и нанесување дополнителен слој се додека не се постигне мазен премин на површината на плочата.
Не смее да останат завршни линии и траги од масата на исполнувањето. Во тој случај потребно е да се ишмирглаат тие делови. Во пракса тоа се две фази на работа при шмирглање на обработените прелази. Поедноставни и поквалитетни резултати може да се постигнат доколку во вториот слој се нанесе фабрички подготвена маса Super Finish или Fill & Finish – слој од сса. 30 см преку обработениот слој.
Сепак и покрај обработката по Q2 стандардот, спојот може да е видлив и по молерските работи бидејќи површините на гипсаните плочи имаат различен капацитет на впивање па се создава видлива сенка на нанесената боја. Кога површината не е обработена по Q 3 стандардот за квалитет, на површината е потребно да се нанесе подлога Knauf Fiefengrund, која ќе го намали впивањето на книжната површина од гипсената плоча и ја намали разликата во нијанса на боја.
Тоа значи дека обработената површина е подготвена за средно и грубо структурирани декорации на sидните површини ( нпр. погруби тапети ), мат боење ( нпр. диспрзија на бои нанесени со ваљак ) и декоративни техники со гранулат >1mm.
ПРЕПОРАЧАНО ЗА :
- Средно и грубо структурирани декорации на sидните површини
- Бојадисување/ премачкување во облик на капки и структурирано боење /премачкување
- Декоративни техники со гранулација >1mm
- Стандардни оптички барања за sидови и плафони
- Отстапувања – особено кај бочното осветлување не можат да се исклучат
ИЗРАБОТКА:
- Степен на квалитет (Q1)
- Дополнителен слој, се додека не се постигне мазен премин со површината на плочата
3. Степен на квалитет Q3
За површини со поголеми оптички барања, се продолжува со Q2. Завршната обработка на површината со Q2 степенот на квалитет бара нанесување на тенок слој <1мм по целата површина за да се исполнат сите микро пори и испукани делови на површината на плочата. Доколку е потребно површината да се исшмиргла. Во пракса тоа е тенкослојно глетување на целата површина. Поради извршната обработка се препорачува користење фабрички подготвена глет маса Super Finish или Finll & Finish. Одредени површини се подобри за фина декорација на внатрешните sидови, фина мат боја и декоративна техника со гранулација <1мм. Треба во обзир да се земе дека ни кај овој степен на завршна обработка неможе во потполност да се исклучи видливост на споевите кај бочното осветлување , но тие споеви се помалку забележителни отколку кај квалитетот Q2. ПРЕПОРАЧЛИВО ЗА :
- Средни и грубо структурирани декорации на sидните површини
- Неструктурирано боење/ премачкување и мазни површини
- Декоративни техники со гранулација < 1mm
- За поголеми оптички зафати на површините
- Отстапувања – особено кај бочното осветлување неможе да се исклучат
ИЗРАБОТКА:
- Степен на квалитет ( Q2 )
- Широк слој преку спојот и задолжително одстранување на остатокот од површината на картонот поради пополнување на порите
4. Степен на квалитет Q4
За површини со најголеми оптички барања. Завршната обработка на површините по стандардната фаза за квалитет Q3 вклучува нанесување на глет маса по целата површина и порамнување на целата површина со дебелина на слој од најмалку 1мм.
Во пракса тоа е тенкослојно глетување на целата површина со фабрички подготвени маси за завршна обработка Super Finish или Fill & Finish. Може да се нанесуваат рачно, со ваљак за боја или машински.
Вака обработени површини ќе бидат подготвени за мазни, сјајни и структурирани премази за sидови ( нпр. метализирани или винилни тапети ), мазни и сјајни завршни слоеви и посебни декоративни техники.
Со обработка на површините со Q4 квалитет се избегнуваат видливите сенки на споевите од плочите кои се појавуваат поради различното впивање на различните материјали. Несакани ефекти, како на пример појава на сенки кај бочното осветлување , се спречени но неможат потполно да се исклучат поради интензитетот на осветлувањето кое варира во текот на денот, Кај рачната обработка не е можно да се добие совршено мазна површина на која бочното осветлување нема да влијае.
ПРЕПОРАЧЛИВО ЗА :
- Глатки и структурални декорации, на пример сјај
- Металик или винилен тапет
- Проsирен премаз или бои/ премаз со умерен сјај
- Имитација на мермер или многу мазна друга техника
- Најголеми оптички барања
Доколку светлото ( нпр. бочното осветлување ) влијае на изглед на готовите површини, понатамошното несакано влијание ( нпр. создавање сенки, со минимална разлика во структурата ) се спречени
ИЗРАБОТКА :
- Степен на квалитет ( Q3 )
- Измазнување на целата површина со слој од најмалку 1мм дебелина