• Tondach глинени ќерамиди

За многу луѓе, покривот значи чувство на сигурност и шарм затоа што тој е најистакнат и најзаштитувачкиот елемент на градбата.

Покривот од глинени ќерамиди нуди многу можности

Глинените ќерамиди го заштитуваат поткровјето, даваат можност да се изрази регионалниот идентитет и културното наследство и се естетски префинети и издржливи. Tondach глинените ќерамиди ги исполнуваат највисоките стандарди на модерна конструкција, истите се еколошки, лесни за обработка и завршно се обработени со UV-отпорни бои. Најголема вредност е тоа што после долг временски период откако ќе дојде време да се изврши соодветна промена на ќерамидите, можат да се рециклираат – повторно да се користат во циклусот на материјалот – или лесно и економски да се постават како минерален градежен материјал без да се загадува животната средина.

Не е важно дали треба да покриете двоводен покрив, рамен покрив, троводен или четириводен покрив, сите форми на покривот се изводливи и може да се постигне  посакуваниот ефект – од модерен, традиционален, класичен до екстравагантен.

Користејќи ги нашите производи, постигнувате визуелен впечаток на безвременски модерен покрив заедно со препознатливите карактеристики на природната глина. Привлечноста на глината во комбинација со други визуелни елементи лежи во нејзината суптилност, симетрија, природна елеганција, прилагодливост кон човекот и безвременско совршенство.

Tondach ќерамидите  ги има во различни варијанти во согласност со климатските услови во областа во која живеете и во широк спектар на бои за сечиј стил. Боите се движат од модерни  ќерамиди со енгоба во разни бои до природни црвени ќерамиди како што се користат со векови. Покрај тоа, ќерамидата Tondach е отпорна на сите временски услови, бидејќи се пече на температура од над 1.000° C, а површината е специјално обработена, што обезбедува дополнителна заштита.

„Комбинирајте ги трендовите со бои, текстури и материјали што го рефлектираат вашиот личен стил и карактер.“

За што може да се користат ќерамидите од глина:

  • за семејни куќи, станбени згради или деловни и јавни објекти
  • за двоводни покриви и рамни покриви; наклонот може да се одбере во зависност од регионалната клима за да се постигне оптимална заштита од врнежи, снежен товар или ветер,
  • како облога за фасади,
  • за нови или реноцирање на објекти,
  • од историски градби сè до модерни семејни домови.

Искористете ги сите предности:

  • Гаранција од 33 години
  • Безбедност без потреба од постојано одржување
  • Конзистентна вредност со генерации
  • Еколошки производ

Искористете ги предностите на природните материјали, кои немаат хемиски додатоци, а во нив се вбројуваат и производите на Tondach

или

Погледнете ги и останатите совети за вашето поткровје

ИЗОЛАЦИЈА

ПРОЗОРЦИ

ГИПС

КРОВЕН ПОКРИВАЧ

Претворете го неискористениот поткровен простор во простор за комфорен дневен престој!

или

© Сите права се задржани. Моето поткровје 2015-2021. Развиено од My Marketing