• Уредете го својот простор со помош на бесплатната мобилна апликација

Апликацијата е направена за корисниците го преминат јазот помеѓу сопствените идеи и нивна реализација, им даваат прилика да експериментираат со разни верзии на реконструкција на просторот.

Недостаток од природна светлина може битно да влијае на конечната естетска оценка на секој ентериер. Добро осветлување ентериерот ќе го направи поактивен, а понекогаш и попростран одколку што е вистински. Општо познато е дека дневната светлина влијае на здравјето – на природен начин ги контролира бактериите и вирусите, а дури 90 % од потребата за витаминот Д го добиваме од сончевата светлина.

Вработените кои работат во канцеларија и долго предстојуваат во затворена просторија и повеќе од осум часа се надвор од допирот на сончевата светлина. Студија од Универзитетот Alberta во Канада покажа дека 91% од вработените кои  своето работно време го поминуваат во канцеларија  не добиваат доволно витамин Д. Витаминот Д го намалува ризикиот од многуте заболувања, а само една од последиците на недостаток од овој витамин е појава на депресија и промена на расположението.

Од тие причини , компанијата VELUX направи нова мобилна , апликација   MydayLight , која ќе ви помогне при уредување на просторот со косини или поткровје. Апликацијата е бесплатна и достапна и за корисниците  на Android  телефони (на  Google Play ). Не можевме да одолееме а да не ја  тестираме апликацијата, а впечатоците прочитајте ги во продолжение од текстот.

MyDayLight е прва апликација на нашиот пазар со која може да го уредувате просторот со менување на нивото на осветленост. Апликацијата ве запознава со можностите на вашиот простор, а дневната светлина ја прави по опиплива, и дозволува слобода на експериментирање за подобро разбирање на просторот. Без разлика дали сте корисник на iOs  Android , апликацијата може бесплатно да ја превземете на својот уред, и по едноставна инсталација, да започнете со креирање на профилот, а потоа и на својот прв виртуелен проект. Започнувате со конфигурација на просторот кој сакате да го анализирате а тоа подесување опфаќа:

  • површина и облик на подот
  • вид кров ( една или две косини)
  • висина и нагиб на плафонот
  • број и големина на прозорите
  • локација (може да подесите и годишно време или период од денот)
  • ентериер ( избор на подни облоги ) и мебел ( во зависност од видот на просторијата – дневен престор, спална соба, канцеларија, купатило, детска соба… )

По неколку минути, вашата симулација (render) ќе биде спремна и просторот може да го видите на телефон од 360* но и во виртуелна реалност (VR) користејќи телефон и наочари за виртуелна реалност. Забавувајте се низ анализа на просторот менувајќи го нивото на осветлување и додајте разни величини на просторот, додека не дојдете до совршена комбинација.

Апликацијата е направена така да корисниците го преминат јазот помеѓу сопствените идеи и нивна реализација, со можност да експериментирате со различни верзии и реконструкции на просторот било кога и каде.

Ако ова ви звучи комплицирано, се лажете. Корисничкиот интрерфејс е едноставен, дизајнот е виртуелно активен и апликацијата е прилагодена на секого. Не мора да имате апсолутно никакво предзнаење и искуство со слични апликации за да креирате симулација на просторот кој сакате да го освежите.

Повеќе од 75 години VELUX Група создава подобри снатбени услови за   луѓе ширум светот. Нивните производи помагаат при креација на светол, здрав и енргетски ефикасен животен простор.  VELUX Група моментално е присутна во повеќе од 40 земји – понуда опфаќа кровни прозори, модуларни прозори, како и низа украсни елементи како ролетни, инсталациска решенија и далечинска контрола.

Повеќе за компанијата VELUX  и апликацијата  дознајте на: https://www.velux.rs/inspiracija/mydaylight

Претворете го неискористениот поткровен простор во простор за комфорен дневен престој!

или

© Сите права се задржани. Моето поткровје 2015-2024. Развиено од My Marketing