• Зошто да одберете Tondach систем за покрив?

Честопати ни го поставуваат баш ова прашање! Поради ова сакавме да ги консолидираме сите одговори и да го создадеме овој текст. Се надеваме дека од сега па понатаму ќе Ви биде полесно да донесете одлука кога станува збор за вашиот нов покрив! Tondach е еден од најчестите избори на луѓето низ цела Европа долги години наназад.

Глинената ќерамида Tondach се произведува исклучиво од природни материјали. Не содржи дополнителни додатоци и хемикалии. Дури и бојата (енгоба) на ќерамидите Tondach се создава со примена на мешавина од глина и соодветни оксиди на суви ќерамиди, кои подоцна, кога се печат на температура над 1.000 степени, се врзуваат совршено за ќерамидата и даваат прекрасна боја. ќерамидите Tondach се толку природни што можете дури да користите дождовница од нив и тоа без никакви проблеми.

Не е потребно многу да зборуваме за издржливоста на самата ќерамида, се проценува дека глинените ќерамиди можат да го одржат вашиот дом подолго од 100 години! Доказ за тоа се многу стари куќи и згради во нашата земја кои сеуште имаат ќерамиди и истите се исклучително здрави. Говорејќи за издржливоста, мора да знаете дека бојата на глинената ќерамида Tondach е издржлива колку и самата ќерамида. Специјалниот слој (енгоба) не исчезнува под влијание на УВ зраци и не се мие при обилни врнежи од дожд.

Визуелниот идентитет на покривот е потребно да биде во согласност со вашите замисли. Системот за покрив Tondach со сите придружни елементи, прави една убава целина. Керамичните заштитни, вентилациони ќерамиди, разделници на било, снегобрани, вентилациони ленти за сува инсталација на капаци, сето ова го прави вашиот покрив совршена визуелна целина. Во денешно време, покривот се смета за „петта фасада“ на објектот и многу е важно да се обрне внимание како еден од најважните елементи на објектот. Постои широк спектар на модерни нијанси кој ќе се вклопат во секоја идеја на архитектите или инвеститорите.

Во Tondach системот за покрив, дополнителните елементи се керамички, тие не се пластични како во повеќето други системи. Дали сте знаеле дека со правилно инсталирање на системска опрема Tondach  вие стекнувате  право на 33-годишна писмена гаранција. Ова е нешто што е многу битно за вас и за вашето семејство, имајќи предвид дека се работи за голема инвестиција, без разлика дали е нова градба или реновирање.

Со инсталирање на соодветна вентилација на покривот, ќе овозможите природно сушење на дрвената конструкција на покривот по обилните врнежи од дожд, а со тоа ќе обезбедите и исклучителна долговечност на покривот. Можноста за појава на мувла ја доведувате до минимум. Секој детал, за кој можеби не сте размислувале, влијае на здравјето како и на безбедноста на вашето семејство.

Исклучително важна работа при изборот на систем за покрив е наклонот на самиот покрив. Сè попопуларните, пониски наклони (под 25 степени), покрај тоа што изгледаат убаво, овозможуваат и потенцијален дополнителен простор за живеење на поткровјето. Со системските решенија за покрив на Tondach може да го направите вашиот покрив со мал наклон и тоа потполно функционален. Неверојатните ќерамиди Tondach се одлично решение дури и за наклони од 10 степени.

Како што напоменавме, Tondach гаранцијата обезбедува мирен живот за секој што ќе се одлучи да го примени овој покривен систем, 33 години не мора да имате никаква грижа.

Нудиме многу услуги и алатки со цел да го олесниме вашиот избор. За време на подготвувањето на проектот, нашата техничка поддршка Ви стои на располагање, подготвени сме за да направиме бесплатна спецификација на материјали и да Ви помогнеме со многу совети за монтажа. Исто така, на веб-страницата има калкулатори со кои се прават пресметки и се предлагаат соодветни решенија. Можете да нарачате примерок од ќерамида, да ги прегледате референтните објекти и да добиете идеи за вашиот нов покрив.

Постојат низа други причини зошто да ги одберете Tondach покривните системи, но наведовме само неколку од најважните. Можете да прочитате и некои други статии каде дополнително ќе се информирате меѓу кои и 12 причини зошто да го одберете Tondach.

или

Погледнете ги и останатите совети за вашето поткровје

ИЗОЛАЦИЈА

ПРОЗОРЦИ

ГИПС

КРОВЕН ПОКРИВАЧ

Претворете го неискористениот поткровен простор во простор за комфорен дневен престој!

или

© Сите права се задржани. Моето поткровје 2015-2021. Развиено од My Marketing