• Зошто е важен квалитетот на вентилационата лента на покривот

Веќе неколку пати пишуваме статии, даваме информации за важноста на вентилацијата на покривот. Оваа тема е исклучително важна и секој елемент што го сочинува системот за вентилација мора да биде со висок квалитет и целосно функционален.

Поради различни фактори, честопати некои елементи на системот се занемаруваат или нивниот квалитет не се доведува во прашање, но бидете сигурни дека секој од елементите на системот е подеднакво важен и дека не смееме да отстапуваме од нив доколку сакаме да добиеме извонреден квалитет.

Каналите за вентилација на покривот овозможуваат проток на воздух од самата стреа до неговата највисока точка, што е неопходно за сушење на покривот и стабилност на температурата. За да може воздухот да тече непречено, потребно е на неговиот излез да се обезбеди барем половина од површината за вентилација што се реализира на нејзиниот влез. Ова е особено важно за покриви со наклон под 25 степени.
Еден од важните елементи на системот за вентилација е квалитетот на вентилационата лента на највисоката точка на покривот како и на самиот покрив, кој има примарна функција на вентилациски канал за излез на воздух.

Освен тоа што неговата главна функција е да овозможи непречен проток на воздух, вентилационата трака за било/гребен исто така обезбедува спречување на навлегување на снег како и атмосферски врнежи во внатрешниот простор на покривот, со ова покривот формира една функционална единица.
Замислете да имате покрив кој е целосно функционален, не треба да се грижите кога врне снег или дожд, или кога сонцето е толку силно што температурата во покривниот простор исто така се покачува. Сигурно Ви се допаѓа оваа идеја.

Зошто е важно да се избере квалитетна лента за вентилација?

Tondach вентилационата лента постои во две димензии, односно во две ширини, 280 mm и 320 mm, како и во неколку бои (црна, црвена и кафеава).

Може да слушнете дека сите ленти за вентилација се исти и дека плаќате само за одреден вид на бренд. Но, работите се сосема поразлични и разликите се најпрво во квалитетот бидејќи секој бренд е  толку моќен колку што е квалитетен  производот кој го претставува.

Во овој случај кога станува збор за вентилациона лента на покривот, Ви даваме информации на кои треба да обратите внимание за да го препознаете квалитетот.

Материјалот од кој е направена лентата е алуминиум, затоа и е обезбедена долготрајност на лентата по вградувањето. Димензиите на отворите за вентилација се 2,5 x 4 mm, што е поголемо од отворите на многу ленти што може да се најдат на пазарот денес, иако ова и не може лесно да се препознае со голо око.

Висината на брановидноста (наборите) е 2,8 мм, што е повисока отколку кај другите ленти, и обезбедува оптимално обликување и прицврстување на сите видови керамиди. Истегнувањето на Tondach вентилационата лента за покрив е до 30%, ова ќе ви овозможи идеално да ја залепите лентата за ќерамидите.

Напречниот пресек на делот за вентилација е 362 cm² / m, што е целосно во согласност со европските стандарди (вклучувајќи DIN 4108-3 и Ö-Norm).

Самолепливоста на лентата, служи за правилно прилепување на лентата на површината на ќерамидата и  има висок степен на кохезија, што значи дека има повисок степен на крајна лепливост. Ова е многу важно бидејќи со текот на времето се случува некои ленти да се откинат поради слабиот квалитет на лепливост и со тоа да ја изгубат својата намена.

Земајќи го ова во предвид, купувањето на неквалитетни вентилациони ленти е само губење на пари и покривот нема да ја има посакуваната долготрајност.

Кај Tondach вентилационата лента, линиите за виткање се однапред дефинирани за местото каде треба да ја позиционирате летвата, што обезбедува побрза и полесна инсталација.
Покрај сето ова, вие имате и 33-годишна Tondach писмена гаранција, како дел од гаранцијата на целиот покривен систем! Зарем не е ова одлично?

Важно е да се напомене дека монтажата на покривот без сите овие елементи (на пример, доколку наместо ова употребувате малтер) е исто што и затнувањето на носот на една личност. Протокот на воздух автоматски се намалува, така што сушењето на влагата и одржувањето на оптималната температура е оневозможено.

Инвестицијата во изградба на покрив е инвестиција за иднината, па кога купувате вентилациони елементи, запознајте ги сите карактеристики на производот, за вашиот покрив да може да „дише со полни бели дробови“.

Сега можете со сигурност да го визуелизирате вашиот покрив. Дел по дел, елемент по елемент… еден прекрасен, функционален покрив со кој ќе се гордеат дури и вашите деца.

Само оригиналниот Tondach е доволен квалитет за вашиот покрив!

или

Погледнете ги и останатите совети за вашето поткровје

ИЗОЛАЦИЈА

ПРОЗОРЦИ

ГИПС

КРОВЕН ПОКРИВАЧ

Претворете го неискористениот поткровен простор во простор за комфорен дневен престој!

или

© Сите права се задржани. Моето поткровје 2015-2021. Развиено од My Marketing