• Зошто е важно каква покривна фолија ќе одберете?

За  безбедност и квалитет кој долго ќе трае, одберете го само најдоброто, лошиот избор при купување на покривна фолија може да влијае на стабилноста на покривната конструкција. Дознајте преку овој текст која е причината за тоа.

Многумина не се запознаени со вистинската улога на покривните фолии, верувајќи дека тие се монтираат главно од хигиенски причини, поради  заштита на поткровниот простор од нечистотија.

Во Wienerberger, покривните фолии се сметаат како дел од покривниот систем на Tondach и затоа паропропусната фолија мора да биде со ИСТ КВАЛИТЕТ како и Tondach ќерамидата!

Многу често, наместо квалитетни покривни фолии, се користат PVC фолии и разни други несоодветни производи наменети за истата цел, како и покривни фолии со несоодветен квалитет. Исто така, постојат производи на пазарот што се продаваат како фолии, а нивниот квалитет не ги исполнува ниту основните параметри за квалитет.

Најчесто, зборуваме само за тежини, што не е доволен параметар за квалитет, бидејќи грам квалитетен материјал за фолии за покривање и грам од кој било друг материјал не може да се споредат. Иако таквите фолии се далеку попривлечни по цена, во овие случаи инвеститорите добиваат производ што нема да служи за она што е наменет и може да ја намали трајноста на целиот покрив, кој треба да трае со децении.

Само ОРИГИНАЛНИТЕ Tondach покривни фолии се доволно добри за вашиот покрив!

Покривните фолии се повеќеслојни мембрани кои се водоотпорни од горната и површинска страна и паропропустливи од долната страна. Со овие својства, фолиите спречуваат навлегување на прашина, сув снег, дожд придружен од ветер во поткровниот простор, со што се обезбедува заштита на топлинска изолација и структурата на покривот во целина.

Со нивната паропропустливост, овие фолии ја испуштаат водената пареа од просторот за живеење, спречувајќи неконтролирано да кондензира на најмалку посакуваните места.

Влажната и темна средина е погодна за формирање на мувла и габи, што доведува до гниење, дури и на самите носечки покривни конструкции.

ОВА МОЖЕ ДА СЕ ЕКСТРЕМНО ОПАСНО ЗА СТАБИЛНОСТА НА ЦЕЛОТО ПОТКРОВЈЕ!

Квалитетот на фолијата е дефиниран со неколку параметри:

  • Густина на ткаење – тежина по квадратен метар
  • SD вредност – степенот на паропропустливост на фолијата
  • Класа против пожар
  • Отпорност на високи температури (од -40 ° до + 100 °)
  • Отпорност на UV зрачење
  • Отпорност на кинење и истегнување
  • Дозволено време на изложеност на временски услови на покривот пред конечното покривање

Најновите европски стандарди поставуваат високи граници за овие карактеристики бидејќи безбедноста треба да биде долгорочна. Оригиналните покривни фолии Tondach исполнуваат повеќе од основните стандарди.

Иновативните фолии Tondach FOL S и Tondach Fol K имаат супериорен квалитет. Нивната отпорност на високи температури е до + 100 °, што ги издвојува од сите други покривни фолии.

 Може да се заклучи дека со изборот на која било покривна фолија Tondach, го одбирате најдоброто за себе и за вашиот дом. Не дозволувајте да си ја загрозите безбедноста и квалитетот на покривот а со тоа и пријатниот и безгрижен живот.

или

Погледнете ги и останатите совети за вашето поткровје

ИЗОЛАЦИЈА

ПРОЗОРЦИ

ГИПС

КРОВЕН ПОКРИВАЧ

Претворете го неискористениот поткровен простор во простор за комфорен дневен престој!

или

© Сите права се задржани. Моето поткровје 2015-2021. Развиено од My Marketing