• Зошто волната не може да функционира без фолиите

Доколу сакаме здрав и удобен живот на поткровјето, мора да го изолирате со минерална волна – ако сè уште не разбирате зошто, ќе направиме чекор на назад. Исто така, треба да знаеме дека поставувањето само минерална волна (камен и стакло) на поткровјето – без придружни фолии и ленти – не е целосно решение.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО

Ова посебно е наменето за време во зима, кога дува ветер и ладен воздух продира во незаштитената минерална волна – со што се намалува или „измива“ нејзината изолациска моќност до 40%, што едноставно значи – како да ставате 40% помалку дебелина на минерална волна од тоа што е навистина вградено.

Прва фолија: паропропусна-водоотпорна заштита од надвор

Како да бидеме сигурни дека парите што ги вложивме во минерална волна ќе се исплатат?

Неопходно е да се инсталира Homeseal LDS 0,02 фолија од надворешната страна на изолацијата (од горе, “кон небото”).

Како функционира оваа фолија? Има двојна функција:

1.Водоотпорна: ако на некои места ви протекува покривот, фолијата LDS 0,02 ќе спречи продирање на дожд или снег во минералната волна, а со тоа   вашето поткровје ќе биде безбедно и суво;

  1. 2. Пропустлива на пареа: истовремено, со својата внатрешна структура, ќе обезбеди слободен премин на водена пареа од внатрешноста кон надвор. Пареата нема да остане во вашата топлинска изолација, што го продолжува неговиот животен век и ги зачувува неговите карактеристики, како и функционалноста на целиот LDS систем.

Оваа фолија може да се постави при поставување на плочките, од надвор.

Но, мислевме и на оние кои не сакаат да ја поместат плочката и сакаат да се изолираат и одвнатре – Homeseal LDS 0,02 може да се инсталира и одвнатре, од просторот за живеење!

Погледнете на видеото за што друго треба да се погрижите:

Втора фолија: активна парна брана – како заштита одвнатре

Ние продолжуваме да ја редиме, уредуваме нашата ”торта” однадвор 😊 Поставивме LDS 0.02 камена волна помеѓу  наклоните и стаклена волна под наклоните. Време е да се заштити минералната волна одвнатре: Homeseal LDS 5.

Која е функцијата на оваа фолија?

Во внатрешноста, се создава голема количина на водена пареа и влага (дишеме, готвиме, се тушираме…)

Улогата на активната парна брана е да ја носи акумулираната влага од внатрешноста преку кровната конструкција, а со тоа да се спречи формирање на кондензација и мувла во внатрешноста. Пареата се дозира преку минералната волна и веќе инсталираниот LDS 0.02  однадвор.

Нашиот LDS систем функционира!

Не заборавајте да ги залепите зглобовите и преклопувањата на фолијата со леплива лента Homeseal Solifit 1.

Како да поставиме активна парна брана Homeseal LDS 5?

Да резимираме – исто како што е исклучителна минералната волна со Кнауф Изолација – така се и Homeseal LDS фолиите кои ја придружуваат.

Исто како што го одбирате најдоброто друштво за себе – така  вие ја одбирате и најдобрата топлинска изолација како и најдобрите фолии за вашето поткровје!

или

Погледнете ги и останатите совети за вашето поткровје

ИЗОЛАЦИЈА

ПРОЗОРЦИ

ГИПС

КРОВЕН ПОКРИВАЧ

Претворете го неискористениот поткровен простор во простор за комфорен дневен престој!

или

© Сите права се задржани. Моето поткровје 2015-2021. Развиено од My Marketing