• 5 чекори за совршено нивелирање на плочките

ПОТРЕБЕН МАТЕРИЈАЛ:

1. Knauf Beti – цементна глет маса која се користи доколку е потребно да израмнување на подната или ѕидната површина

2. Knauf лепило за керамика – N, DIN, FLEX, Extraflex или Marmorkleber

3. Систем за нивелирање на плочки – клипсеви, кајла, клешти

ЧЕКОР 1 – МЕШАЊЕ НА МАТЕРИЈАЛОТ:

Измешајте го материјалот со вода и оставете да одстои 15-20 мин, а потоа промешајте го повторно. Тогаш материјалот е готов за употреба.

ЧЕКОР 2 – НАНЕСУВАЊЕ НА ЛЕПИЛОТО:

На ѕидната или подната површина израмнета со Knauf Beti, нанесете лепило со назабена глетарица во дебелина 6-10mm, во зависност од формата на плочката.

ЧЕКОР 3 – ПОСТАВУВАЊЕ НА ПЛОЧКИТЕ И КЛИПСЕВИТЕ:

Поставувањето на плочките и клипсевите се врше истовремено. Клипсевите можат да послужат и место крстчиња.

Дебелината на фугата со употреба на клипсеви е минимум 2mm. Поставувајте ги клипсевите директно до плочката, водејќи сметка да нема лепак помеѓу клипсот и плочката.

Поставете ги така што да остане доволно простор за стегање на кајлата.

ЧЕКОР 4 – ПОСТАВУВАЊЕ И СТЕГНУВАЊЕ НА КАЈЛАТА:

Поставете ја кајлата во клипсот.
Пред стегнувањето на кајлата, клештите треба да се прилагодат на соодветно растојание за да не дојде до пукање на лчипсевите. Димензијата на која се прилагодуваат клештите зависи од дебелината на керамичките плочки.

ЧЕКОР 5 – ОДСТРАНУВАЊЕ НА СИСТЕМОТ ЗА НИВЕЛАЦИЈА НА ПЛОЧКИТЕ:

Кога лепилото е потполно суво, системот за нивелација на плочките може да се одстрани.

Нивелаторите се одстрануваат лесно, со помош на гумено чукче, или дури до нога, ако се во прачање подни плочки. После одстранувањето на нивелаторите, плочките можат да се фугираат со Knauf AquaProtect маса за фугирање.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕО УПАТСТВОТО

Претворете го неискористениот поткровен простор во простор за комфорен дневен престој!

или

© Сите права се задржани. Моето поткровје 2015-2024. Развиено од My Marketing