Често луѓето велат дека во правилно изведените поткровни простории е скриена најсилната романтика на домот. Тоа се простории кои треба да се доволно осветлени, добро термички изолирани, а за романтиката најзаслужна е косината на таванот, која создава чувство на скриеност и безбедност, додека во погледот пред нас се простираат покривите на градот во кој живееме. Поглед за уживање, особено во вечерните часови.
Таа косина на таванот значително го намалува волуменот на просторот, а со тоа и количината на воздух кој ние неопходно го користиме и го трошиме. На сето тоа, во тој простор внесуваме нов мебел, дрвени, лакирани елементи, нови подни покривки, електроника, ѕидни бои и лакови, почнуваме да ја користиме новата кујна, а од време на време знаеме и да запалиме по некоја цигара. Сето ова го исполнува затворениот воздух со различни штетни молекули на мириси, TVOC (штетни гасови кои се појавуваат во ентериери), додецен од теписони, триетиламини (мириси) кои се ослободуваат при пржење на риби, формалдехиди од лакови за дрвен мебел и полиуретани, амонијак од фекални материи, бензоли од пушење, како и други штетни материи кои на различни начини доаѓаат во нашите домови.