Безбедноста и трајноста на поткровјата, особено нивната противпожарност, за жал, стануваат тема на разговор само откако во наша непосредна близина ќе се случи некаков немил настан, во кој некое семејство, под налетот на огнените јазици ќе изгуби материјални и сентиментални богатства или во најлош случај – настанот ќе заврши фатално за некого. Додека изолацијата на системот ги носи предностите во енергетската ефикасност на просторот, а поткровните прозори неопходната светлина и воздух, Кнауф гипсените плочи и нивниот соодветен избор и монтажа се оној дел на поткровјето кој ја носи трајноста и безбедноста.
Кај облогите на поткровјата, Кнауф нуди атестирани решенија за противпожарна заштита, изразени во минути на противпожарна отпорност. Најчесто се постигнуваат нивоа на 30, 60 и 90-минутна противпожарна заштита на поткровјето. Во рамките на ова тестирано време, гарантирано нема да се случи огнот од корисниот дел на поткровјето да ја зафати носечката конструкција или обратно.