Колку што е важна звучната изолација кај преградните ѕидови, кои функционално ни ги одделуваат просториите и ни овозможуваат мир од активностите во соседната просторија, таа е исто толку важна и кај облогите на поткровјата. Денес, постои огромна палета на материјали кои се користат за покривање на кровот: веќе традиционалните керамиди, пластифицираните лимови или модерните сендвич – панели со PUR (полиуретан) или минерална волна, потоа, системски решенија со свој начин на ослонување, исполнување, заптивање и одржување.
Нивната главна функција е да ги насочат и отстранат врнежите и тоа успешно да го прават подолго време. Она што не смееме да заборавиме дека при паѓањето, овие појави предизвикуваат силна бучава во подолги интервали. Замислете си пороен дожд кој паѓа по пластифициран лим! Она што сите романтично си го замислуваме, да спиеме додека надвор врне, полека станува кошмар кој не мачи и додека сме будни.
Не смее никако да заборавиме на звучната изолација која треба поткровната облога да ја донесе. Кнауф предлог: Дијамант плоча! Еднослојната или двослојната облога на поткровјето ќе донесе поголема удобност и одмор во поткровниот простор, покрај 30 минутната ПП заштита која истиот систем ќе му ја овозможи на поткровјето.
Нормално, секој поткровен систем си има решение кое е најоптимално и соодветно на постојната звучна изолација. За дополнителни информации обратете се на техничкиот сервис на Кнауф или на http://www.knauf.com.mk.