• Надворешни и внатрешни ролетни за кровни прозорци

    Производи за заштита од топлина, светлина и од инсекти

Примена

Пронајдете соодветни производи за различни видови на соби

  • Надворешни тенди

    VELUX надворешните тенди ги запираат сончевите зраци пред тие да стигнат до стаклото, со што го намалуваат загревањето на просторијата во текот на топлите, летни месеци, дури до 90%. Собата ја одржуваат пријатно затемнета без блокирање на погледот. Едноставно се вградуваат од собата и задолжително треба да ги имате ако сакате да уживате во пријатната клима во вашиот дом во текот на летниот период.

Ефективна заштита од топлина во текот на сончевите денови

  • Ефективна заштита од топлина без целосно затемнување
  • Мрежест материјал кој пропушта светлина во просторијата
  • Добра видливост низ мрежата
  • Дизајнирано за лесно вградување од просторија
  • Ракување од просторија
  • Можност за рачно управување и управување преку далечински управувач

Се препорачува за:

  • Спална соба
  • Детска соба
  • Дневна соба
  • Работна соба
  • Римски ролетни

    Подгответе се да уживате во новите, декоративни VELUX римски ролетни. Истражете го бесконечниот потенцијал на материјалите и ќе се инспирирате од меките, стилски ефекти кои оваа колекција ја прават префинета и оригинална. Благодарејќи на специфичниот дизајн на римските ролетни, можете многу лесно да го смените платното за само неколку минути. Само изберете го вашиот омилен дезен.

Создадете топла и удобна атмосфера во вашиот дом
со декоративни дезени и единствени материјали

  • Елегантни и декоративни
  • Ја ублажуваат светлината
  • Флексибилно позиционирање
  • Единствен дизајн со особено тесни водилки
  • Заменливо платно
  • Лесни за одржување
  • Без видливи конопи
  • 20 современи материјали
  • Вградување за неколку минути со помош на единствениот Pick&Click® систем

Се препорачува за:

  • Спална соба
  • Дневна соба
  • Работна соба

Достапни во 20 бои со различна светлосна пропустливост

  • Siesta ролетни

    Siesta ролетните нудат целосно затемнување во кое било време од денот. Идеални се за спални соби, каде што ви е потребна целосна контрола на светлината за да си обезбедите добар и мирен сон ноќе или попладневен одмор во текот на денот. Совршено му одговараат на вашиот VELUX кровен прозорец и нив ги има во голем број бои и дезени за да се вклопат во секој ентериер.

Целосно затемнување – во секој период од денот

  • 100% затемнување
  • Позиционирање во која било положба
  • Единствен дизајн со особено тесни водилки
  • Рефлектирачкиот површински слој ја подобрува изолацијата
  • Вградување за неколку минути со помош на единствениот Pick&Click® систем

Се препорачува за:

  • Спална соба
  • Детска соба

24 различни бои и дезени

  • Комарник

    Со VELUX комарниците го задржувате погледот и свежиот воздух, а инсектите остануваат надвор.

    Комарникот е лесен за ракување, мрежата е скриена во куќиштето кога не се употребува и совршено се вклопува со вашиот VELUX кровен прозорец.

Добредојде на свежиот воздух, до гледање на инсектите!

  • Мрежата е скриена во куќиштето кога не се користи и не го попречува погледот низ прозорецот
  • Може да се користи во комбинација со сите видови на VELUX внатрешни и надворешни ролетни
  • Едноставно чистење со помош на влажна крпа
  • Рачно управување
  • Совршено одговара на вашиот VELUX кровен прозорец

Се препорачува за:

  • Спална соба
  • Детска соба
  • Кујна
  • Дневна соба
  • Работна соба
  • Термо ролетни

    VELUX термо ролетната од двократно наборан плисиран материјал со структура на саќе и алуминиумски слој од внатре, ја подобрува изолацијата до 34%. Не е фиксирана ниту на врвот ниту на дното, што овозможува позиционирање во посакуваната положба, со што се обезбедува затемнување, контрола на светлината и приватност.

Имајте топол дом во текот на ладните зимски ноќи

  • Ефект на затемнување
  • Ја подобрува изолацијата до 34%
  • Обезбедува приватност, а истовремено и поглед
  • Елегантен дизајн со особено тесни водилки
  • Флексибилно позиционирање во посакуваната положба
  • Вградување за неколку минути со помош на Pick&Click!® системот

Се препорачува за:

  • Работна соба
  • Спална соба
  • Детска соба

Достапна во 12 бои

Ако сакате вашето поткровје да го обезбедите со VELUX производи за заштита од топлина, светлина и инсекти

или

© Сите права се задржани. Моето поткровје 2015-2024. Развиено од My Marketing