Општо е познато дека недоволно добро изолираната куќа ја троши енергијата преку својата обвивка, но помалку е познат фактот дека, во најголем процент, таа енергија „истекува“ токму преку косиот покрив (30-35%).
Со оглед на тоа дека стаклената минерална волна Knauf Insulation, UNIFIT 035 или NatuRoll Plus, поседува исклучителни термички својства (λ = 0,035W/mK), ние препорачуваме овој производ да биде дел од термоизолацијата (заедно со камената минерална волна) која ќе обезбеди пријатен комфор во Вашето поткровје.
Од што е составен LDS системот?
Homeseal LDS 0.02, паропропусна-водонепропусна фолија
Овозможува испарување на кондензацијата и спречува продирање на дождот и на снегот во покривната конструкција.
Зошто паропропусна-водонепропусна фолија?
Овие долготрајни (полипропиленска структура), мултифункционални мембрани ги заменија поранешните покривни лепенки (тер хартија) кои многу бргу пукаат и ја изложуваат покривната конструкција на атмосферските влијанија.
NaturBoard FIT PLUS, λ=0.037, камена минерална волна
Обезбедува термичка заштита, како и топлотна стабилност во летниот период поради својата висока способност за акумулација на топлината.
Зошто камена минерална волна?
Поради особено високите температури под покривниот покривач, потребно е да се користи изолација која е постојана на повисоки температури и е подеднакво функционална во текот на годините, како и првиот ден.
Минералните волни (камена и стаклена) се најидеално решение за изолација на косиот покрив, бидејќи не горат, пропуштаат пареа (покривот „дише“) и се долготрајни материјали.
Препорачаната дебелина на камената минерална волна NaturBoard FIT PLUS, λ=0.037 е 10cm
*Според препораките од Правилникот за EnEf, дебелината на изолацијата во поткровјето треба да изнесува најмалку 25cm.
UNIFIT 035 или Ekoroll, стаклена минерална волна
Обезбедува термичка заштита и придонесува кон квалитетот на воздухот во домот.
Зошто стаклена минерална волна?
Само Knauf Insulation стаклената волна има EUROFINS златен сертификат (за регулација на штетните емисии во воздухот) што ја прави да биде своевиден „филтер за воздух“. Ова својство, покрај својата паропропусност (кровот „дише“), долготрајност и негорењето, ја прави пожелна поради пријатниот престој во поткровјето.
Препорачаната дебелина на стаклената минерална волна UNIFIT 035 или Ekoroll е 15cm
*Според препораките од Правилникот за EnEf, дебелината на изолацијата во поткровјето треба да изнесува најмалку 25cm.
Homeseal LDS 5, активна парна брана
Обезбедува поголем комфор и удобност и контролирано ја пропушта водената пареа.
Зошто активна парна брана?
Овој тип на фолија, поради својата делумна паропропустливост, контролирано ја пропушта влагата од просторот и воедно не дозволува вишокот водена пареа да се наталожи во покривната конструкција.
Во комбинација со надворешната мембрана обезбедува поголем комфор и удобност во живеењето. За разлика од класичните, градежни фолии (PVC структури), долготрајна е (полипропиленска структура) и овозможува на покривот да „дише“.