5 најчести грешки при избирање и вградување на покривни прозорци
За да можете да уживате во вашиот дом во поткровјето и секогаш да имате доволно природна светлина, како и свеж воздух, потребно е да избегнете неколку доста чести грешки. Со помош на VELUX стручниот тим ви откриваме како тоа да го направите.
1. Висина на вградување на покривен прозорец
Покривните прозорци со долно управување се препорачуваат само за високи парапетни ѕидови од 130 до 150 см над нивото на подот.
Поставувањето на мебел под покривниот прозорец со долно управување ќе пречи на пристапот до рачката. Препорачуваме да се остави слободен простор за оптимално користење на покривниот прозорец.
Покривните прозорци со горно управување се совршени за парапетни ѕидови до 130 cm над нивото на подот.
Горното управување ви дава можност да поставите маса или софа под прозорецот и да можете комфорно да го отворате прозорецот.
2. Големина на прозорецот
Големината на покривниот прозорец се дефинира со неколку фактори: намена и ориентација на просторијата, надворешно опкружување, нашите лични афинитети и впечатокот кој сакаме да го постигнеме во просторот.
Во дневната соба, како и во работните простории, потребно е да се внесе повеќе дневна светлина и тогаш може да се размислува за поголеми застаклени површини. Општа препорака е застаклените површини да сочинуваат минимално 10% од подната површина на определен простор.
3. Неправилна внатрешна облога
За да го добиете максимумот од својот покривен прозорец, важно е правилно да се вгради облога околу прозорецот. Горниот и долниот дел од облогата треба да бидат што е можно поотворени, за да се постигне најдобро осветлување. Неопходно е да се постигне и струење на воздухот по целата површина на стаклото, што ќе ја намали појавата на кондензација во зимскиот период.
Енергетската ефикасност е најдобра тогаш кога се користат покривни прозорци, опшивки и елементи за вградување од ист производител, бидејќи на тој начин ќе се избегнат истекување и енергетски губитоци.
4. Тип и модел на прозорци
Изборот на соодветен вид на покривен прозорец, како и внатрешен материјал, е особено важно за понатамошното одржување и долготрајност на прозорците. Дрвените прозорци со еден или со повеќе премачкувања со лак ќе дадат природен изглед на просторијата во поткровјето, додека лакирањето ќе биде потребно на секои три, четири години. Не се препорачува за простории со високо ниво на влажност на воздухот.
За тоалетите и кујните, исто така, се препорачуваат дрвени прозорци обложени со слој од бел полиуретан, кој им дава висока отпорност и овозможува лесно и едноставно одржување.
И начинот на отворање на прозорецот е важен. Ако избереме прозорец со горно отворање, ќе се прошири погледот кон надворешноста, додека изборот на прозорци со средишно отворање ни дава можност за поставување на мебелот и под самиот прозорец.
Поновата генерација на покривни прозорци овозможува и ширење на покривниот простор кон екстериерот, кога нема можност за излез на тераса, каде покривниот простор станува истовремено и балкон (прозорец од видот VELUX Cabrio).
5. Импровизација на ролетни
При уредувањето на поткровјето, честа грешка е недоволното обрнување внимание на заштитата од сонце и светлина и импровизацијата на овие елементи. Во VELUX советуваат наместо завеси да се користат типски ролетни (различни видови ролетни и венецијанери) за одреден модел на прозорец.
Во зависност од намената на просторијата, но и од нејзината ориентација, може да се одлучиме за ролетна која овозможува целосно затемнување, венецијанери или полупровидни ролетни за благо затемнување.