• Во домот најважно е спокојството.

ДОМОТ – МИРНО ПРИСТАНИШТЕ НА МИРОТ И АТМОСФЕРАТА

Тежок работен ден, вознемирувачки сообраќај и десетици задачи. Пристигнувањето дома е посакуваното пристаниште во кое можеме да се релаксираме. Во него, ние сме владетели и можеме да го изградиме таков каков што сонуваме.

Домот е огледало на нашиот начин на живот, каде здравата микроклима е од најголема важност.

Малкумина од нас знаат, но статистиката покажува дека 90% од нашето време го минуваме во затворен простор. Тогаш не е ни чудо што суштинска улога за нашиот витален тонус, за нашата удобност, успех или здравствени проблеми ….играат ѕидовите. При варијабилност во собнаta температура, материјалите што се користат во ѕидната конструкција влијаат на квалитетот на воздухот со оделување на хемикалиите што ги содржат. Така, вдишување по вдишување, овие супстанции ги дистрибуираме до секоја клетка. Колку пати дневно вдишуваме?

Исклучително е важно од какви ѕидови е изграден нашиот дом!

Утврдено е дека гипсот има иста рН вредност како и онаа на човечката кожа и не oделува мириси. Ова е причината зошто се повеќе и повеќе познати производители на high-end козметика вклучуваат гипс во составот на нивните производи. И нешто повеќе – благодарение на категорично утврденитесвојства за прочистување се смета дека гипсот ја зголемува и враќа хармонијата во виталните функции на организмот. На овој начин – со користење на преградни ѕидови од гипс плочите на Кнауф, ние во својот дом не само градиме простории, а природна микроклима, кој имплицитно не тонизира, ги стимулира виталните функции и создава услови за природен релаксација на организмот. Така можеме да ги отстраниме причините за главоболка, замор, па дури и депресија. Статистички е утврдено дека кај луѓето кои живеат во домови со чист воздух, лишен од испарливи материи, мирна средина за обнова и исполнет сон, можностите за концентрација и креативност се значително повисоки, а болничките отсуства од работа – со пати помалку.

Подобриот квалитет на живот е доволно добра причина да ги организираме просториите во домот преградни ѕидови од гипсени плочи. Тие исто така имаат и други важни предности кои ги прават се повеќе и повеќе прилагодени за современото домување. Гипсот ја регулира влажноста на воздухот во затворен простор на природен начин со минимизирање на појавата на мувла. Количината на врзана вода во молекулата на гипс придонесува за својствата на противпожарната заштита. Во зависност од системот може да се постигне ѕид со отпорност на пожар до 120 минути.

Различните производни варијации на гипс плочите, произведени од Кнауф, овозможуваат да се изградат различни функционални простории, за лесно справување со вообичаените проблеми и ризици – специјалните плочи отпорни на влага, на пример се наменети за употреба во влажни простории.

Исто така е важно да се напомене дека јадрото на системот за преградни ѕидови се состои од минерална волна. Ова му овозможува на ѕидот со мала дебелина да постигне високи нивоа на топлотна и звучна изолација и да го направи нашиот дом енергоефективен со што ги оптимизира трошоците за греење и ладење.

Важно е да се запамети дека преградните ѕидови не можат да се користат како носечки. Сепак, тие не ја оптоваруваат конструкцијата и релативно лесно се инсталираат.

Доаѓаме до “најубавото” својство на системите – ѕидовите од гипс плочи овозможуваат многу можности за внатрешен дизајн кој одговара на нашиот вкус и начин на живот. Со нив може да се направат комплексни овални и обемни форми со сите досегашни опишани својства. Покрај тоа, за разлика од конвенционалната конструкција, просторот може да биде релативно полесен за преструктуирање и обнова за да ги задоволи нашите потреби и желби. Тие прават експлозија во нашата имагинација. Така, нашиот дом навистина може да биде “наше” место, каде секој од нас да се чувствуваме најдобро.

или

Погледнете ги и останатите совети за вашето поткровје

ИЗОЛАЦИЈА

ПРОЗОРЦИ

ГИПС

КРОВЕН ПОКРИВАЧ

Претворете го неискористениот поткровен простор во простор за комфорен дневен престој!

или

© Сите права се задржани. Моето поткровје 2015-2021. Развиено од My Marketing