
План за поставување на прозорци за покрив
Природната светлина е исклучително важна за еден дом, затоа колку повеќе ја има, толку подобро ќе се чувствувате. Обратете внимание на наклонот на покривот, покривниот материјал, големината и обликот на таванот. Потоа одлучете кој дел на просторијата треба да се освети најдобро – можеби бирото, кујнската површина или детското катче? Ова ќе ви помогне да одлучите колку прозорци ви требаат и каде да ги поставите. Никогаш не може да се поставите премногу прозорци.
Положбата е од значење
Јужниот прозорец добива директна сонжева светлина го стоплува Вашиот дим, т.е тоа е дополнителен извор на топлина во студените месеци. Преку лето можете да го регулирате дотокот на топлина со помош на внатрешни и надворешни ролетни и тенди. Прозорецот со северна положба помалку е изложен на сонце и ја исполнува собата со недирекна природна светлина.
Тавански простор
Темниот и стар таван може да се промени на начин да стане непрепознатливи да се претвори во омиленото пространство на сите во домот. Количината на дневна светлина е од големо значење. Поставете прозорец-балкон GDL Cabrio и ќе ги имате сите удобности.
Отворен таван
Овој отворен простран вид на поткровје Ви предоставува дневна светлина и свеж воздух во изобилство. Високо поставените прозорци ги осветлуваат и најдалечните катчиња во просторот, а присуството на прозорци на две нивоа, создава така наречен ефект на оџак за подобра природна вентилација.
Додадете светлина
Ако имате последен кат под неискористен тавански простор можете да изградите конструкција преку него за да пуштите дневна светлина во собите под него. Тоа ќе создаде исклучително чувство за удобност преку целиот ден.
Рамен покрив
Поставете кровни прозорци за рамен кров на последниот спрат! Раскршете го шаблонот и искористете го сонцето за осветлување, затоплување и проветрување. Има и електричен модел с кој правите се горенаведено само со притискање на едно копче.
Комбинација со вертикален прозорец
Комбинирањето на кровен прозорец VELUX со оригинален VELUX вертикален елмент ќе ја промени собата – панорамната гледка напред и дополнителната светлина создаваат чувство за посилна врска со надворешниот свет.
Светлосен тунел
Еве како можете да имате природна светлина дури и во најтемните катчиња во вашиот дом, како ходници, внатрешни пространства и бањи, дури во мрачните зимски денови. Достапен е за скосен и за рамен покрив и може да достигне до 6 м.
Сакате таванот да го претворите во удобна дневна соба?
