• СИСТЕМ НА ЛИЗГАЧКИ ВРАТИ ЗА ВАШЕТО ПОТКРОВЈЕ

Модерниот начин на живот сè почесто подразбира живеење во помали станбени единици чие уредување бара функционалност, флексибилност, но и исполнување на естетските и употребните барања на членовите на домаќинството.

Уредувањето на ваквите простори претставува голем предизвик, можност да покажеме колку сме креативни и практични кога е во прашање заштеда на просторот.

Како што Ви е веќе познато, во поголемите домови се користат класични, односно крилни врати. Тоа се врати кои при затворање или отворање се влечат или се туркаат од себе. Меѓутоа, што ако отворањето и затворањето претставува проблем во ограничениот животен простор?

Решение на овој проблем се лизгачките врати. Во почетната фаза постоеја врати кои се лизгаа исклучиво на ѕид, додека денешните модерни лизгачки врати подразбираат  вградување на системи обложени со гипсени плочи, што по потреба може да ги направи невидливи и да створи подобро чувство за просторот.

Кнауф систем лизгачките врати се вградуваат во стандардна дебелина на ѕидови  со подконтрукција од  75 и 100 mm, што подразбира минимална дебелина на ѕид од 100 mm. Во зависност од самиот систем, дебелината на крилото на вратата е најчесто од 40 до 65 mm.

Вака испорачаниот Кнауф систем не ја подразбира самата врата  и ентериерските обработки , што дава можност за избор и вградување на желба на сопственикот. Пред вградувањето, неопходно е да се проектира ѕид кој овозможува вградување на вратата.

Ова подразбира постоење на доволен простор за вратата со целата своја ширина да може да влезе  во предвидениот дел на ѕидот, што обезбедува непречена употреба на самата врата. Овој систем е посебно погоден за вградување  во мали простории каде нема можност за вградување на класични врати.

Тоа се најчесто бањи, кујни, остави итн. Не ретко се применува и во други простории, каде се бараат големи естетски зафати.

Уште една од предностите на овој систем е  непостоењето на потребата за праг на вратата, што многу го олеснува движењето на детската количка и сл.

Треба да се знае дека лизгачките врати не се препорачуваат во простори каде се бара звучна заштита, бидејќи системот на затворање не нуди поголема звучна изолација.

Претворете го неискористениот поткровен простор во простор за комфорен дневен престој!

или

© Сите права се задржани. Моето поткровје 2015-2024. Развиено од My Marketing