НАПРАВИ САМ – едноставна декоративна техника за брзо освежување на ѕидовите

Високите температури во февруари сите пријатно не изненадија,но и не потсетија дека на нашите домови им е потребно освежување.

Сакате на своето поткровје  да му подготвите мало пролетно средување, а немате идеја што може да го направи вашето катче потопло и попријатно?

Ви предлагаме едноставно решение кое ќе ги освежи вашите ѕидови, за што ќе ви биде потребен производот на Knauf – Thermowhite.

Овој производ е првенствено наменет за лепење и армирање на плочи од стиропор. Се карактеризира со бела боја и исклучително долго отворено време за работа.  Гранулацијата на Thermowhite многу потсетува на гранцулацијата на материјалот  кој се користи за изработка на декоративната техника „Travertino Romano“.

Токму поради тоа, овој производ може да се користи и за внатрешни декорации. Големото отворено време им овозможува дури и на аматерите со неколку вистински совети да изработат соодветна декорација во своето поткровје.

Пред изработката на декоративната техника  важно е соодветно да се подготви површината. Подготовката подразбира отстранување на нечистотијата, слабо поврзаните делови, старите бои, и по потреба целосно миење на површината. Бидејќи подготвената површина ќе се исуши, неопходно е да се нанесе соодветна импрегнација. Ви препорачуваме Knauf Grund, подлога која дополнително ќе ја зацврсти површината  и ќе овозможи подобра поврзаност помеѓу Thermowhite-от и  обработуваната површина.

Во наредните објави очекувајте детално, чекор-по-чекор упатство за правилна изработка на декоративната техника со употреба на Knauf материјалот Thermowhite.