Подпокривните мембрани (поточно парни бариери или паронепропустливи фолии и паропропустливи водонепропустливи мембрани) се задолжителен дел на денешната модерна изградба.
Некогаш беше прифатливо, покривите да се градат со два вентилациски слоја, како единственото барање кон подпокривните мембрани беше првенствено водонепропустливост, односно заштита против навлегувањето на дожд и снег. Беше возможно да се користи битуменски паронепропустливи облоги, како и други паронепропустливи фолии.
Современиот стил на изградба на покриви, а со тоа и навлегувањето на термоизолациони материјали и пропратни елементи, укажуваат на користење на високо-технолошки материјали кои обезбедуваат трајност на конструкцијата.
За водената пареа и кондензација
- Водена пареа се појавува при испарувањето на водата при секакви температури (брзината на испарување е под влијание на температурата, воздушниот тек и достапното количество водена пареа во воздухот). Во присуство на водена пареа се одвива процес наречен дифузија на водена пареа.
- Дифузија на водена пареа е феномен, при што молекулите на водената пареа се движат од место со повисока концентрација (повисок притисок) на место со помала концентрација (понизок притисок) со тенденција кон израмнување. Дифузијата на водена пареа е пожелна за подобрување на удобноста во станбениот простор и не предизвикува штетни последици за градежните елементи, освен во случај на појава на кондензација на водена пареа.
- Кондензација на водена пареа се јавува во два случаи. Кога воздухот се пренасити со водена пареа и кога заситен воздух се излади, феноменот е познат како “роса”. Проблемите на дифузија и кондензација на водената пареа се директно поврзани со пропустливост на пареа на материјалот.
OСНОВНА улогата на ПОДПОКРИВНАТА мембрана
Парна бариера – спречува брзата пенетрација на водената пареа од загреваната просторија во покривната конструкција, каде може да кондензира.
Ако го користите подпокривното пространство како место за живеење (а не како таван), со своето дневно присуство во него и со сите ваши активности креирате водена пареа, односно влага (готвење, капење, пеглање, перење, сушење на алишта и сл.).
Кога влажниот и топол воздух од внатрешноста на просторијата минува низ шуплините и пукнатините во конструкцијата кон зоните на објектот, водената пареа во него може да се претвори во вода. Оваа кондензација претставува идеална средина за габички и мувла.
Во зависност од местото, димензиите и длабочината на пенетрацијата, градежните елементи кои се наоѓаат во непосредна близина на ова место, можат да бидат повредени. Нешто повеќе, ако влагата навлезе во материјалот за изолација, изолациските својства се влошуваат во споредба со сувата материја. Намалените својства на термоизолацијата водат до акумулација на влага во конструкцијата, предизвикувајќи верижна реакција која неминовно води до сериозни оштетувања во неа. Парната бариера го контролира овој процес и затоа се вградува под изолацијата, односно од внатрешната страна.
Паропропустливата водонепропустлива мембрана го спречува навлегувањето на дожд и снег во покривната конструкција (водонепропустлива – затоа се поставува од горната страна на изолацијата, од надворешната страна), но и овозможува на водената пареа која евентуално навлезе во покривната конструкција на станбениот простор непречено да помине низ неа надвор (затоа треба да биде истовремено и паропропустлива).
Упатство за поставување покривна фолија во чекори
Постапка за вградување на паропропусна – водонепропусна фолија – Homeseal LDS 0.02
1. Монтажни окапници
2. Сечење на вишокот окапница
3. Монтажа на окапници на другата страна од покривот
4. Монтирана окапница
5. Развлекување на покривна фолија, Homeseal LDS 0.02
6. Лепење на покривна фолија (Homeseal LDS 0.02) за окапницата, со универзална леплива лента Homeseal LDS Solifit
7. Спојување на фолијата со конструкцијата со хефталка или шрафови со рамна глава
8. Благо затегнување на фолијата и спојување со конструкцијата со хефталка или со шрафови со рамна глава
9. Повторување на целата постапка на другата страна од покривот
10. Дихтување на контра летви со помош на дихт лента
11. Залепена дихт лента
12. Контра летва на дихт лента
13. Прицврстување на контра летва со шрафови преку дихт лента
14. Прицврстување на фолијата со летва (слободен крај на покривот)
15. Прицврстување на фолијата со летва (крај на покривот во контакт со ѕидот/ соседниот објект)