Современиот начин на изградба на објекти подразбира во сите фази, од изработка на проектот па сè до самото градење на објектот, да се почитуваат највисоките светски стандарди.
Особено се води сметка просторот во кој престојуваат луѓето да нуди највисок топлински и акустички комфор, како и безбедност од пожари во исто време, така што објектот во кој престојувате да обезбеди повеќе од „кров над главата“.
Имајќи го предвид фактот дека зградите се големи потрошувачи на енергија (над 40% од вкупната потрошувачка на енергија), императив е намалувањето на потрошувачката на енергијата која е потребна за загревање и ладење на објектот, со зголемување на комфорот на престојот во објектот.
Една од најефикасните мерки за постигнување на поволна клима на внатрешните простории и заштеда на енергија е изолацијата на поткровјето.


































