Како што наближуваат празниците, многумина од нас почнуваат да размислуваат како да внесат празничен шарм во своите домови. Трендовите доаѓаат и си одат, но некои класични божиќни украси се безвременски, додавајќи топлина и радост во нашите простории. Со добро смислено и избрани парчиња, можете да создадете празнична атмосфера која е традиционална но и секогаш најпријатна.
Еве неколку идеи за божиќна декорација која никогаш нема да излезе од мода и е одобрена од Дедо Мраз.
- Елегантни светулки
Без разлика дали ќе ги закачите на новогодишна елка, ќе ја обложите оградата или ќе ги поставите околу прозорецот, жичените сијалички додаваат магичен сјај што го прави секој простор пријатен. Белите или топло жолтите светла се особено безвременски, бидејќи обезбедуваат мек, празничен амбиент без да ги “совладаат” другите украси. Можете да ги користите дури и во стаклени вазни или тегли за посебна декорација.
- Безвременски орнаменти
Кога станува збор за божиќните украси, придржувањето до класичните бои како сребрена, златна или мат бела, гарантираaт дека вашата елка ќе изгледа софистицирано од година во година. Комбинирајте неколку природни елементи, како што се украсите од дрво или стакло, за да го подобрите изгледот.
- Свеќи и свеќници за посебен ефект
Ништо не создава попријатна празнична атмосфера од светлината на свеќи. Без разлика дали ќе изберете традиционални свеќници, чаши за свеќи или свеќи со столбови, овој едноставен додаток носи топлина и елеганција во секоја просторија. Држачите за свеќи направени од материјали како месинг, стакло или дури и природно дрво можат да додадат префинет, безвременски допир на вашиот декор. Одлучете се за свеќи без мирис на трпезариските маси за да го задржите фокусот на оброкот, потоа поставете свеќи со мирис кој потсетува на овие празници (пример: цимет, бор или ванила) ова дефинитивно го подобрува празничното расположение.
- Кадифени машнички и панделки: луксузен допир
Кадифените панделки и машнички се едноставни, но луксузни детали кои можат да ги потенцираат вашите новогодишни украси. Без разлика дали се врзани во вид на венец, прикачени на украси или се користат за декорирање на подароците, кадифените панделки во тегет, шумска зелена или златна боја додаваат елегантен, безвременски шмек на вашиот празничен декор.
- Допир на природата: шишарки, бобинки и сушено овошје
За топол, рустичен изглед, додадете природни елементи како шишарки, суви парчиња од портокал или гроздови црвени бобинки во вашиот декор. Овие предмети одлично функционираат доколку ги вметнете во венец, поставете ги во вид на парчиња на самата маса или сместете ги низ куќата во новогодишни чинии. Не само што допринесуваат за природна новогодишна убавина, тие се и еколошки и можат повторно да се користат, во секоја сезона.
- Дрвени традиционални кукли – ненадминливи
Овој вид на украси внесуваат разигран елемент на празникот и долго време се симбол на божиќното празнување. Неколку квалитетни декорации кои додаваат огромна префинетост доколку ги поставите под вашата елка. Одлучете се за традиционални дизајни во црвена, зелена и златна боја за да одржите класичен и компактен изглед.
Со ваков тип на безвременски украси, можете да создадете прекрасна празнична атмосфера која носи топлина, радост и стил во вашиот дом од година во година.
За оние кои сакаат да го подобрат својот простор со природна светлина, VELUX нуди прозорци кои можат да ги осветлат вашите соби и да го покажат вашиот празничен декор во најдобро можно светло – совршени за да ја направат сезоната навистина магична.
Посетете ја нашата веб-страница и пополнете го прашалникот!
Ќе ве контактираме наскоро