Зимата е волшебна сезона, но носи и многу предизвици за вашите домови. Од ниски температури до ветрови и обилен снег, вашите прозорци играат клучна улога во одржувањето на удобноста на вашиот дом. Правилната зимска припрема не само што го задржува студот надвор, туку и обезбедува енергетска ефикасност и ја намалува бучавата. Со додатоците на VELUX, можете лесно да ги заштитите вашите прозорци од зимата и да уживате во пријатен внатрешен простор за време на постудените месеци.
Изолација за безгрижна зима
Добро изолираниот прозорец може да направи огромна разлика во одржувањето на вашиот дом, истот да остане топол и енергетски ефикасен. Дали знаевте дека додавањето на надворешни ролетни VELUX на вашите прозорци ја подобрува изолацијата до 14% за најпродаваните типови на прозорци? Кога се комбинираат со внатрешни или енергетски ролетни, ефектот на изолација е уште подобар, создавајќи двоен слој на топлинска заштита. Резултатот? Пониски сметки за енергија и поудобна домашна средина.
Заштитник од лоши временски услови
Надворешните ролетни не се корисни само во текот на летните месеци, тие се и најдобрата одбрана против зимските временски услови. Тие обезбедуваат бариера за снег, мраз и леден ветер, намалувајќи ја можноста за провев. Ролетните исто така го штитат стаклото од насобирање на снег, обезбедувајќи природната дневна светлина која продира во вашиот дом дури и во најтемните зимски месеци.
Намалувањето на бучавата значи потивок дом
Зимата не е само студена – може да биде бучна при силен дожд, град и силен ветер. За среќа, ролетните VELUX нудат одлично намалување на бучавата од дожд, правејќи го вашиот дом помирно и релаксирачко место, ова придонесува добар сон или продуктивна работа од дома дури и за време на бурни зимски влијанија.
Комбинирана заштита
Додека надворешните ролетни обезбедуваат примарна изолација и заштита од временските услови, додавањето внатрешни ролетни ја зголемува вкупната топлинска ефикасност. Заедно, тие создаваат повеќеслоен штит кој ја минимизира загубата на топлина, помагајќи му на вашиот дом да остане топол без претерано да се потпирате на вашиот систем за греење. Внатрешните ролетни додаваат стилски допир на вашиот ентериер додека служат како дополнителна линија на одбрана против зимските влијанија.
Подготовката за зимскиот период, за вашите прозорци, преку користење на додатоците VELUX е едноставна, ова е ефикасен начин да создадете во вашиот дом попријатна температура, домот е потивок и енергетски поефикасен. Направете го првиот чекор кон попријатна зима – истражете го опсегот на ролетни VELUX.