• Совети за подготовка на вашeто поткровје за време на летниот период, без многу напор

Без разлика дали вашето поткровје служи како домашна канцеларија, тивка спална соба или детска соба, удобноста е клучна, особено кога започнуваат летните горештини. Прозорците без ролетни дозволуваат топлината да влезе и да се акумулира во самото поткровје, влијаејќи на целокупната температура и удобност. Дополнителната опрема за заштита од топлина, како што се надворешните ролетни, помага во регулирањето на температурата на поткровјето со блокирање на сончевите зраци пред да стигнат до прозорското стакло. Со неколку едноставни трикови и вистинските производи, лесно можете да го подготвите вашето поткровје за летниот период.

Паметна вентилација

Прозорците на VELUX можат да се отворат под агол за да се овозможи топлиот воздух природно да излегува, создавајќи пасивно ладење во раните утрински и вечерните часови. Вентилацијата во вистинско време од денот помага во одржување на ниски внатрешни температури и проток на свеж воздух без употреба на дополнителна енергија.

Блокирајте ја топлината пред таа да навлезе во просторот

Прозорците се главна цел за зголемување на топлината, па затоа надворешните ролетни се дизајнирани да ја блокираат сончевата светлина пред таа дури и да стигне до стаклото. Надворешните лесни ролетни за заштита од топлина VELUX можат да ја намалат внатрешната температура во лето до 6,5 °C во просторијата и да придонесат за добар ноќен сон со блокирање на влезната светлина и намалување на бучавата.

Доколку сакате заштита од сите временски услови, алуминиумските надворешни ролетни VELUX за заштита од продирање на топлина се најдоброто решение за вас. Издржливиот алуминиумски дизајн ја одржува вашата соба ладна во лето и топла во зима со подобрување на изолацијата, воедно блокира 99% од влезната светлина. Исто така, го намалува надворешниот шум, претворајќи го просторот во потивка и помирна средина, додека далечинскиот управувач нуди целосна контрола, дури и ако прозорцте се надвор од дофат.

Блокирајте ја топлината, задржете го погледот

Надворешната мрежа VELUX за спречување на продирање на топлина обезбедува добра заштита од топлина во сончеви денови без да се загрози дневната светлина. Направен од транспарентна мрежеста ткаенина, овозможува затемнување на светлината, воедно го одржува погледот надвор, намалувајќи ја топлината од сонцето. Покрај неговата издржливост, може да се инсталира одвнатре во просторијата за само 15 минути, сè што ви треба е шрафцигер.

Подготовката на вашето поткровје за лето не мора да значи големо реновирање: со неколку паметни совети и вистински решенија, можете да уживате во вашиот простор во текот на целото лето. Истражете го опсегот на опции со посета на нашата веб-страница и пронајдете ја совршената комбинација специјално за вашиот дом.

Претворете го неискористениот поткровен простор во простор за комфорен дневен престој!

или

© Сите права се задржани. Моето поткровје 2015-2025. Развиено од My Marketing